Одбојка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на 92.53.54.227 (разговор), враќајќи на последната преработка на Dandarmkd
Ознаки: Отповикување SWViewer [1.3]
с Јазична исправка, replaced: серверот → опслужувачот using AWB
Ред 5:
'''Одбојката''' е колективен [[спорт]] кој се игра на таков начин што две екипи од по 6 играчи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. [[Поен]] се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
 
Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.
 
'''Историјат на одбојката'''
 
Вилијам Г. Морган (1870-1942), роден во државата Њу Јорк, останал запишан во историјата како создавач на одбојката, којашто првично ја нарекол “Mintonette”. Морган дипломирал на колеџот Спрингфилд каде што се запознал со Џејмс Наисмит, којшто во 1891. година ја измислил кошарката. Една година по дипломирањето, отишол во Холиоки, Масачусетс, каде што добива место директор за физичко воспитување. Тоа место му овозможило директно влијание на вежбите за рекреација, т.е. развојот на спортот.
Неговото водство било одлично прифатено и неговите одделенија секојдневно се зголемувале. Сфатил дека би било добро да измисли некоја игра за рекреација со натпреварувачки карактер со што би ја направил збогатил својата програма уште повеќе и би ја направил поразновидна. Кошарката му се чинела како добар избор, но само за помладите ученици, бидејќи за оние постарите му требала некоја помалку насилна.
 
Во тоа време, Морган никако не можел да најде игра слична на одбојката, па ја создал од своите посебни методи на тренирање и рекреација. Опишувајќи ги своите први експерименти, Морган рекол: “Во потрага по соодветна игра, прво тенисот ми падна на памет, ама за него ни се потребни топчиња, рекети, мрежа и друга опрема, па се откажав, но идејата за мрежа ми чинеше погодна. Подигнавме мрежа на висина од 1,98 m, над главата на еден просечен маж. Ни требаше и топка. Прво ми падна на памет кошаркарската, но таа е преголема и претешка.’’
Ред 46:
Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди разновидност на играта.
Целта на играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа.Екипата има право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот).
Топката се уфрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на серверотопслужувачот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин.
Во одбојката екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на часовникот.
 
Ред 55:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Спорт]]
[[Категорија:Олимписки спортови]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Одбојка