Историја на македонскиот народ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Поврзано
с Јазична исправка, replaced: допринела → придонела using AWB
Ред 1:
{{Спојување|Историја на Македонија (1991 - денес)}}
{{Историја на македонскиот народ}}
'''Историјата на македонскиот народ''' или воопшто на историја на човековото живеење и присуство на територијата на [[Македонија]], датира со пронаоѓањето на најстариот човечки скелет на територијата на [[Македонија]] стар 160 илјади години. Најстарите пронајдоци од први организирани човечки населби во [[Македонија]] датираат од [[младото камено време]] (неолитот). Прва државна организација на територијата на регионот [[Македонија (регион)|Македонија]] е [[Кралство Македонија|македонското кралство]] основано во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.) од страна на првиот македонски крал [[Каран]], кое доживеало најголем подем во времето на владеењето на македонските кралеви [[Филип II Македонски]] (359 - 336 г.п.н.е.) и [[Александар III Македонски]] (336 - 323 г.п.н.е) од династијата [[Аргеади]]. Со доаѓањето и населувањето на [[Стари Словени|словенските племиња]] во VI век, и нивното мешање со староседелското население ([[Тракијци]], [[Илири]], [[Стара Грција|антички Грци]], [[антички Македонци]] и др.), конечно во X и XI век се формира ликот на современиот [[македонски народ]], кој се до денес постои како мнозински на територијата на [[Македонија]] и зазема најзначаен дел од разните економски, политички, демографски, историски и други процеси во [[Македонија]].
 
== Праисториска Македонија ==
Ред 24:
[[Рана антика]] (600 / 500 - 168 г. пне.) се дели на три етапи: Архајски период (6 - 5 век пне.), кој разни стражувачи го ставаат во овој или во претходниот период. Класичен период (5 - 4 век пне.) и [[Хеленистички период]] (крај на 4. - 2. век пне.). Преминот на железното време во рана антика не може стриктно да се определи. Врз основа на античките пишани извори може да се заклучи дека етничката слика на Македонија и во овој период се менува. Во северните и западните подрачја се чувствува силна воена и демографска експанзија на народите од западната половина на
Балканскиот полуостров (во науката наречени [[Илири|Илирски]] етнокултурен комплекс). Се смета дека тоа доведува до одреден степен на асимилација на некои местни етноси ([[Дарданци]], [[Пенести]], можеби и [[Дасарети]]). Оваа експанзија веројатно е главна причина за исчезнувањето на Бригите од овој дел на полуостровот. Во Скопско - Кумановскиот базен се чувствува експанзија на Дарданците, а во јужните делови на Р. Македонија - на
[[античките Македонци]]. Средината на првиот милениум е време на подемот на двете антички држави од овој дел на Балканот - Македонија и [[Пајонија]]. Во обете ќе владеат засебни династии на кралеви, за чии имиња дознаваме од историските извори,натписите и од монетите што ги ковале. Како што е познато, експанзијата на Македонското кралство низ Балканот ќе земе замав во 4. век. п.н.е. со [[Филип II]]. Во сенката на помоќниот сосед, Пајонија ќе опстојува се до крајот на 3. век, кога ќе биде припоена кон него и границата се поместила на север и одела на просторот на [[Таор]]ската Клисура и [[Скопска Котлина|Скопската котлина]], останала под контролата на Дарданците. По смртта на Александар и разбивањето на големата македонска империја, нејзините територии се редуцираат во делови од Балканот. Продолжува веќе започнатиот процес на интеграција на популациите и традициите опфатени во оваа држава и формирањето на античко - македонската култура и етнос. Во овој процес најсилно ќе бидат вклучени јужните делови на денешна Р. Македонија ([[Гевгелија|Гевгели]]ско - [[Валандово|Валандовски]]от, [[Струмица|Струмички]]от, [[Пелагонија|Пелагониски]]от и [[Охрид|Охридски]]отскиот регион). Кон средината на II век пне., овој процес ќе биде забавен, поради поразот на Македонците во војната со Рим, со што нивната држава ќе ја загуби својата независност, а подоцна ќе влезе во границите на Римската империја. [[Дарданија (Европа)|Дарданија]] (денешните северни делови на Р. Македонија) била покорена од страна на Римјаните подоцна, најверојатно кон крајот на I век п.н.е. Постојат јасни докази дека наведените популации од подрачјето на Македонија говореле на свои јазици, макар што почнувајќи од овој период постепено ке започнат се повеќе, во јавните комуникации да го прифаќаат грчкиот јазик и писмо.
 
Народите кои живеле во Македонија во антиката го надживеали своето физичко исчезнување преку делата во материалната култура кои ги оставили зад себе. Денес е мошне тешко, речиси невозможно, процентуално да се одреди етничката слика на Македонија во римскиот период. Секако дека најголемиот дел го сочинувале на север [[Пајонци]]те, на југ [[Античките Македонци]], а на исток [[Тракијци]]те. Овде биле населени исто вака [[Илири]], [[Бриги]], [[Дарданци]], и [[Грци]]. Но, тука биле и доселениците [[Келти]], потоа [[Готи]]те и уште многу Римски легионери-колонисти. Тие имале различно потекло: шпанско, сириско, северноафриканско, далматинско, италско. Кон крајот на Римската епоха во Македонија, и создавањето на [[Византија]], сите овие народи веќе биле претопени во един [[христијани]]зиран етникум, коj го бил прифанал грчкиот јазик, познат како [[Ромеи]].
 
Потоа започнала Големата преселба на народите, со коja на Балканот дошли [[Словени]]те, како и други варварски народи.
Ред 60:
реката Пчиња излегувала на Осоговските Планини, с¢ до планината
Рила; на исток границата одела од планината Пирин до устието на
реката Нест (ден. Места) во Егејското Море. <ref name="ISMN08" />
 
Јадрото на македонската држава од каде се ширеле државните
Ред 208:
* ''[[Освестување и обединување на македонската нација]]''
[[Податотека:Macedonian-Irredentism.png|thumb|300px|right|Етничка Македонија- регион населен со мнозинство македонци]]
Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната [[национална афирмација]] беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на [[Балкан|Балканот]]от. Од пробивот на [[капитализам|капитализмот]] на [[почва|почвата]]та на [[Македонија]], па до формирањето на [[македонска нација|македонската нација]], [[македонски народ|македонскиот народ]] минуваше низ повеќе фази на [[преобразување]] што траеја половина [[век]].
* [[Гемиџиите]]
* [[Лозарско движење]]
Ред 233:
Организацијата му била доверена на Александар Протогеров и полковникот Петар Д'рвингов. Тие, уште пред почетокот на војната, требало да навлезат во Османската држава, односно Македонија, со цел да развијат известувачка служба и во содејство со месното население да ја попречуваат мобилизацијата и концентрацијата на османските војски <ref>ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Автори Виолета Аковска и Никола Жежов,Скопје,2004 год</ref>
[[Податотека:Macedono-Odrin Volunteer Corps.jpg|thumb|десно|300px|Воjници од Македонско-одринското ополчение]]
Штабот на [[Македонско-одринско ополчение|Македоно-одринските доброволечки чети]] во состав: Протогеров, Д'рвингов, Николов, Атанасов и Величков, ја започнал работата околу прифаќањето и организирањето, обуката и испраќањето на доброволечките чети преку граница, во Македонија.
 
Пријавувањето на македонските емигранти било масовно. Во текот на октомври, до почетокот на воените дејствија против Османската држава, до Штабот или лично до Протогеров, или до другите членови на Штабот, пристигнувале бројни телеграми во кои илјадници Македонци се јавувале како доброволци во четите или доброволечките одреди за да учествуваат во војната против Османската држава.
Ред 249:
{{Главна|Македонците во Првата светска војна }}
[[Податотека:Petar-darvingov2.jpg|мини|лево|150п|[[Петар Дрвингов]]]][[Податотека:LPDF 125 14 carte.jpg|мини|300п|десно|Македонија во Првата светска војна]]
Непосредно пред започнувањето на [[Првата светска војна]] Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на [[Србија]], [[Бугарија]] и [[Грција]]. Ангажирањето на Србија во војната со Австро-Унагарија довела до регрутација на Македонците во [[Вардарска Македонија]]. Соодветено регрутација на Македонцитѕе извршиле и [[Бугарија]] и Грција. Грција мобилизирала околу 20 000 Македанци. Најголем мобилизација извршила Бугарија сред Македонците во [[Пиринска Македонија]] и македонската емиграција.
 
Пред влегувањето на Бугарија во војната биле формирани диверзанстки чети под раководство на [[Тодор Александров]] кои ја извршиле [[Валандовска афера од 1915 година|Валандовската афера во 1915 година]]. По влегувањето на Бугарија во војната таа извршила масовна мобилизација при што била формирана [[Единаесетта пешадиска македонска дивизија|11 - та македонска дивизија]] и во нејзиниот воен формациски состав вклучила 33 046 Македонци. По нападот на бугарската армија, српските сили биле принудени на се повлечат од Варадарска Македонија, а бугарската војска избила на српско-грчата граница утврдена со Букурешкиот мировен договор. Во проилета 1915 година српско-грчката граница започнала да се формира како [[Македонски фронт|Солунски фрон]], тој се протегал од [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] до [[Струмски Залив|Струмскиот Залив]] во [[Егејското Море]], со мали отстапувања кон [[Лерин]] и [[Битола]].
[[Податотека:Подполковник Борис Дрангов (1872-1917), командир на 5-ти македонски пехотен полк, говори на войниците.jpg|мини|десно|300п|Борис Дрангов (1872-1917), командант на 5-от македонски пешадиски полк, им се обраќа на војниците]]
Со влегувањето на Бугарија во војната доаѓа и до проимена во поделбата на Македонија. Бугарија ги освоила [[Вардарска Македонија]], каде била формирана Македонската воена иснпекциска област, дел од источна [[Егејска Македонија]] и [[Пиринска Македонија]] која ја добила со [[Букурешки договор, 1913|Букурешкиот договор]]. Останатиот дел од [[Егејска Македонија]] бил како и дотогаш во рамките на [[Грција]], односно под воена управа на Анатната.
 
Пролетта [[1916]] година потпомогната од своите германски и австро-унгарски сојузници, ја освојува Рупелската Теснина и навлегувајќи во источниот дел на [[Егејска Македонија]] ги зазема градовите [[Сер]], [[Драма]] и [[Кавала]]. Кон средината на август истата година бугарските сили, предводени од генерал [[Климент Бојаџиев]] ги разбиваат трупите на Антантата на просторот [[Добро Поле]] - Баница - [[Лерин]] и продирајќи кон [[Костур (град)|Костур]] го заземаат [[Лерин]] со околните населби. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиваат одбраната на бугарската Прва армија принудувајќи ја на повлекување. На [[19 ноември]] тие ја заземаат [[Битола]]. По тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнува и настанува затишје на целиот фронт.
 
Во текот на [[1917]] и првата половина на [[1918]] година, се водат повеќе позициони борби од локално значење кај р. [[Струма]], [[Црна Река]] и долж Вардарската Долина, кои нема да предизвикаат некои поголеми територијални промени. На [[15 септември]] [[1918]] година силите на Антантата предводени од францускиот маршал [[Франше Д'Епере]] (наследникот на Сарај), започнуваат силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник - Сокол. Борбите се пренесуваат во [[Пелагонија]], на десниот брег на реката [[Вардар]], [[Црна Река]] и во реонот на [[Дојран]]. Под жестокиот притисок на сојузниците бугарско-германските трупи се приморани на повлекување кон север и бугарската граница. Сојузниците заземаат повеќе делови во [[Вардарска Македонија|вардарскиот дел на Македонија]].
Ред 295:
со Бугарската работничка партија (БРП) која, исто така, строго
ги почитувала одлуките на Коминтерната. Притоа, името на ПК на
КПЈ во Македонија било променето во ''„Покраински комитет на Работничката партија на Македонија“''. Сета оваа активност била доволна причина Шарло да биде отсранет од раководната позиција на ПК на КПЈ за Македонија, зад оваа одлука застанала [[Коминтерна |Коминтерната ]]та, која сметала дека комунистичката партиска организција во Вардарска Македонија треба да остане рамките на КПЈ.
 
Новото партиско раководтсво на чело со [[Лазар Колишевски]], потпомогнато од инструктори на КПЈ започнале со забрзани подготовки за започнување на востание во овој дел на Македонија. Биле формирани Скопскиот, Прилепскиот и Кумановскиот партизански одред кои со своите акции во октомври 1941 година го означиле почетокот на востанието во Вардарска Македонија. Меѓутоа по овие акции кмон крајот на 1941 година била донесена одлука за распушање на Покраинскиот воен штаб и партизанските одреди. Состојбата кон крајот на 1941 и почетокот на 1942 година во Вардарска Македонија била критична и поради фактот што [[КПЈ]] и [[Комунистичка партија на Бугарија|КПБ]] воделе борба за превласт во македонската партиска организција на овој дел на Македонија.
 
Во 1942 година биле формирани девет партизански одреди кои водлеле повеќе борби со окупаторските сили. За омасовување на народносолободителната борба допринелапридонела и новата политика на КПЈ кон македонското национално прашање. Во однос на оваа нова политика влијаел инструкторот [[Добривое Радосавлјевиќ]], кој ја согледал реланата состојба на теренот и барањата на Македонците. Меѓутоа во тој период и покрај обидот за разбирање на барањето за создавање на макеоднската држава, раководителите на Југословенскиот фронт ја избегнувале рамката за решавање на макеоднското прашање во рамките на Југославија.
[[Податотека:Lazar Kolishevski.JPG|мини|лево|150п|[[Лазар Колишевски]]]][[Податотека:cento-govor.jpg|thumb|десно|300px|[[Методија Андонов - Ченто]] држи говор на главниот плоштад во ослободено [[Скопје]], 1944 год.]]
1943 година преставуала пресвртница на народнослободителната борба во овој дел на Македонија во многу сегменти. Се формирал Централен комитет на [[КПМ]] како водечка сила на борбата, биле создадени поголеми борбени единици кои воделе борби со германските, италијанските и бугарските сили. По капитулацијата на Италија се создале услови за создавање на слободна територија во зпадниот дел на Вардарска Македонија. Народноослободителното движење преминало во офанзива и ја презело иницијативата за борба. Оваа година преставувала пресвртница и во програмските политички документи издадени од макеоднските водачи, по однос на државниот статус на Македонија, се повеќе се прифаќала југословенската опција за парцијално решавање на македонското прашање. Оваа политика предизвикала незадоволство меѓу една група на македонски интелектуѕалци кои се залагале за интегрално решавање на македонското прашање.
Ред 371:
до криза во државата и создадоа услови за осамостојување на
Република Македонија, како и на другите републики од тогашната
СФР Југославија. </ref><ref>Периодот помеѓу 1944-1991 може да се подели на неколку потпериоди кои се разликуваат според организацијата на стопанскиот и политичкиот живот: асномски од 2 август 1944 до 16 април 1945, втор или период на административно - централистичко управување со економијата, трет период - самоуправување од 1953 до 1991 година, овој период некои историчари го делат на два потпериода. Прв од 1953 до 1970 година кога доминирале мерките за стабилизирање на сиситемот за самоуправување и вториот од 1971 година до 1991 година - период на делегатски сиситем и договорна економија</ref>. Со [[Првото заседание на АСНОМ|првото заседание на АСНОМ]] била формирана државата на македонскиот народ, меѓутоа само на еден дел од етно-географската територија на Македонија, односно на територијата на [[Вардарска Македонија]]. Голем дел од македонските национални дејци, членови на АСНОМ и истакнати борци за македонската кауза, создавањето на македонската држава во рамките на [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|југословенската федерација]] ја перцепирале како етапа во процесот на обединување на македонскиот народ и Македонија.
 
Но со формирањето на првата [[Влада на Македонија од 1945|Народна влада]] на чело со [[Лазар Колишевски]] започнал период на партиското владеење и силна пројугословенска настроеност. Групација околу Колишевски сите барања за поголема самостојност на Македонија во однос на [[Белград]] ги жигосувале како непријателски и започнала пресметка со внатрепартиската групацијата која била именувана како ''автонмистичка'' и ''сепаратистичка''. Во оваа група биле: [[Димитар Влахов]], неговиот син [[Густав Влахов]], [[Михајло Апостолски]], [[Лазар Соколов]], [[Методија Андонов - Ченто]], [[Венко Марковски]], [[Емануел Чучков]], [[Павел Шатев]], [[Киро Глигоров]], [[Крсте Гермов]] - Шакир војвода, [[Петре Пирузе|Петре Пирузе - Мајски]].
Ред 379:
: ''четиридецениското владеење ( на Колишевски б.н) ја карактеризира заканата со затвори, пресии и со одмазда. За него и за сите политичари од сталинистичка провиниенција, националното прашање е комплетно решено со победата на револуцијата. Секој облик на покренување на некои национални права за него е израз на национализам. Во гракањето против негативното, деформираното, контрареволуционерното, против непријателите на социјализмот и интегритетот на Југославија, ја изразува сета напластена деструктивна енергија и класносвесна, интернационалистичка психа. Се покажа како голем мајстор за разоткривање на национализмот, во разобличување на шовинизмот и во фиксирањето на ирдентизмот и сепаратизмот... Хегемонијата, пак, и унитаризмот во неговиот вокабулар не постојат како негативни поими'' <ref>Крсте Црвенковски, Славко Милосавлевски, Нашиот поглед за времето на Колишевски, Мисла, Скопје, 1994</ref>
[[Податотека:Членови на ВМРО - ПРАВДА.jpg|мини|десно|250п|Членови на централниот кординационен одбор на ВМРО - ПРАВДА (1949-1950): [[Глигор Крстевски]], [[Дане Поповски]], [[Костадин Смичковски]] и [[Љубен Костоски]]]]
Во февруари 1945 година бил формирана институцијата Јавен обвинител, а во август 1945 година бил донсен Законот за уредување на народните судови. [[КПМ]] имала целосна контрола над милицијата и [[Оделение за заштита на народот|Оделението за заштита на народот]] (ОЗН)<ref>Од 1946 година ОЗН била преименувана во Управа за државна безбедност и била под јуриздикција на Министерството за внатрешни работи</ref>. Ова оделение било посебно користено од страна на [[КПМ]] за пресметка со своите неситомисленици и политички преставници. Политичките права и слободи на граѓаните биле ограничени со ''Законот за кривични дела против народот и државата'', ''Законот за видовите на казни'' и ''Законот за печатот''. [[Комунистичката партија на Македонија]], односно [[КПЈ]], станала единстевн арбитер во општествотото. Бил воспоставен крвичен сиситем во кои доушништвото имало голема улога, а секое јавно истапување било следено од [[Управа за државана безбедност|Управата за државана безбедност]].
 
Пројугослвенската група околу [[Лазар Колишевски]] без судски или монтирани процеси се пресметала со т.н ''автомомисти'' и ''сепаратисти'', но и со сите останат кои не ја приваќале ''линијата на Партијата''. Македонските дејци кои се залагале за поголема политичка и економска самостојност на Македонија во однос на федерацијата биле жигосани како идеолошки непријатели на [[КПЈ]] и [[ФНРЈ]]. Најголемиот пример за оваа жестока пресметка е судскиот процес против [[Методија Андонов - Ченто]], на [[Петре Пирузе]] му била оземена партизанската споменица, Соколов и Хаџи Панзов и други биле ставени ''под сенка'', а [[Димитар Влахов]] бил отстранет.
Ред 387:
: ''Барем во тие денови на нашата заедничка активност , ние не презедовме, ниту планиравме никаква терористичка акција. Ако не бевме откриени, можеби и ќе дојдеше до тоа, но... Исто така е важно да се нагласи дека нашата група беше самородна и немаше никакви врски со никаква организација, ниту пак имаше некакво име и разработена програма. Тоа беше еден видлив израз на младешкото незадоволство од постојната ситуација во врска со решението на македонското национално прашање во Југославија, изблик на нашиот македонскиот патриотизам, но без нужната идеолошко-политича подготовка и без точна претстава за историските процеси,, настани и личности...'' <ref>Д-р Стојан Ристески, Судени за Македонија (1945-1985), Охрид, 1995</ref>
 
Во овој период дејствувале остатоци на [[Балисти|балиститебалисти]]те како и разни албански националстички организации кои се залагале оставарување на идејата за [[Голема Албанија]], односно за отцепување на западниот дел од [[НРМ]]. Овие структури дествувале сред албанското малцинсво но структурите на државната безбедност се пресметале со нив. Во 1948 година започнал периодот на [[Информбиро|Информбирото]]то, види [[Информбирото и Македонија]], а во 1949 година започнала колективизацијата на селото, преплетувњето на овие процеси го означуваат најсталинистичкиот период во историјата на македонскиот народ и неговата современа држава. Истовремено се започнало со идеолошки чистки исполнети со засилена репресија во тогашните затвори и логори, радикализација на аграрната политика, политичко самоволие, непочитување на правото и слично. На [[Голи Оток]] биле испратени 883 Македонци <ref>Драган Марковиќ, Истина о Голом Отоку, НИН 28.12.1988</ref>, а меѓу нив се нашле: [[Панко Брашнаров]], [[Петре Пирузе]], [[Павел Шатев]], [[Богоја Фотев]] и др.
 
Во првата половина на 50 - те години на 20 век, и покрај партиската хегемонија во сите сегменти во општеството<ref>Славко Јаневски, Четврта изложба на уметниците во Македонија, Нов ден, 3, 1949</ref>, се појавила нова генерација на уметници, научници и културни дејци кои не сакале да се ограничуваат во рамките на т.н ''социјалистички реализам''. [[Крсте Црвенковски]], тогашен висок функционер на [[Комунистичката партија на Македонија]] се залагал за слобода во творештвото, истакнувајќи дека: ''социјализмот е таков систем што треба да му овозможи секому до крај да ги манифестира своите способности'' <ref>Крсте Црвенковски, Демократија и култура, Разгледи\1954</ref>. Кон крајот на 50 - те години се почуствувал нов бран на македонски национални чуства сред македонската интелигенција. Оваа генерација негодувала на надворешната политика на [[СФРЈ]], зошто се барале национални права за Македонците во пиринскиот дел, но не и за Македонците во егејскиот дел, зошто нема програма за обединување на Македонија.
Ред 401:
Во средината на 70 те години силна активност сред македонската емиграција развил [[Драган Богдановски]]. Тој за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со [[Владо Дапчевиќ]], еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот [[СССР]]. Донесена е одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење. Како раководител на [[Движење за ослободување и обединување на Македонија|ДООМ]] во [[1977]] г. Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на СДБ, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во [[Љубљана]], а подоцна и во [[Скопје]]. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на [[Македонски Брод]] каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати, на кој процес е осуден на 13 години затвор, од кои издржува 11 години во затворот [[Идризово]].
 
Кон крајот на седумдесеттите години [[СФРЈ]] западна во најсложената политичка и економска криза. Во почетокот на мај 1980 година, по смрта на [[Тито]], иако било воведено колективно Претседателство во државата и во СКЈ, меѓутоа тие органи не можеа да се снајдат и успешно да ја водат државата која остана без дотогашниот неприкосновен авторитет. Титовото име уште десетина години беше употребувано како синоним на иднината и како обединувачко лого на државата, но се појасно стануваше дека нејзе и претстои распаѓање. Летото 1980 година економската нестабилност кулминираше со најголемата инфлација во повоена Југославија, од 45%. Опаѓаше животниот стандард, се зголемуваш е незадоволството и порасна националната нетрпеливост.
 
По долги недоразбирања, натегања и дискусии која република да предложи претседател на Југословенската влада, во почетокот на 1989 година за претседател на Владата беше избран [[Анте Марковиќ]], по националност Хрват. Треба да се констатира дека Марковиќ со неколку владини либерални и реформски потези до извесен степен ја врати довербата кај народот. Неговата политика добила голема подршка во Македонија. Сепак, [[Социјалистичка Република Словенија|Словенија]] и [[Социјалистичка Република Хрватска|Хрватска]] кои подолго време се подготвуваа за осамостојување, незадоволни од тоа што воопшто и се случи изборот на премиер, му ја откажаа довербата и одбија да ги уплатуваат обврските кон федерацијата. Србија, пак, како одговор на тоа, изврши упад во платниот промет, присвојувајќи голема сума средства од федерацијата. Барањето за поголем воен буџет од страна на [[ЈНА]], која веројатно имаше тајни планови воено да интервенира, не го одобри Анте Марковиќ и тоа го посочи како причина за да се повлече од премиерската функција. Конкретниот чин за распадот на [[СФРЈ]] беше референдумот на СР Словенија од [[23 декември (настани)|23 декември]] [[1990]] година, кога 88,5% гласаа за истапување на оваа република од федерацијата, а чинот на осамостојувањето беше проследен и со неколкудневна војна по која Словенија, поддржана однадвор, немаше никакви шанси да остане во федерацијата.
Ред 412:
модел на македонската државност што беше остварен во Југославија, односно во вардарскиот дел од Македонија.
 
Бугарија и се приближи на Југославија, меѓу другото, и поради претстојните мировни преговори во [[Париз]], 1946 година, т.е. нејзиното ослободување од воени репарации па, иако формално, сепак прифати некои југословенски барања за решавање на македонското национално прашање. Но, на Париската мировна конференција македонското прашање не било поставено како југословенско барање за негово решавање, туку било одбегнато меѓу другото и поради грчкото противење. Тоа било неформално поставено во контекстот на територијалните претензии на Грција спрема Југославија, односно Македонија.
 
Сепак, по потпишувањето на Париските мировни договори во 1947 година, како и на билатералните спогодби меѓу ФНР Југославија и НР Бугарија истата година на Блед, дојде до интензивирање на меѓусебната соработка, а во тие рамки и на бугарското признавање на македонската нација, нејзината култура и историја. Во рамките на познатата ''„културна автономија“'' во пиринскиот дел од Македонија беа отворени македонски училишта и неколку институции од областа на културата. Се интензивираа и преговорите за создавање федерација меѓу двете земји, со вклучување на Македонија, како можност за трајно решавање на македонското прашање, како што бараа македонските програмски документи – обединување на македонскиот народ.
[[Податотека:PetrePrlicko.jpg|мини|лево|150п|[[Петре Прличко]]]]
Централниот комитет на БРП(к) уште на Десеттиот пленум од 9 август 1946 година донел посебна резолуција по која се создала поволна клима за Македонците. Подоцна, на Третата обласна конференција на БРП(к) во [[Горна Џумаја]] (денешен Благоевград), меѓу другото, било побарано да се работи на широк културен план преку заемни посети и културна размена за зближување на Македонците од двата дела на Македонија и изучување на македонската историја во пиринскиот крај. Истовремено било побарано отворање македонска книжарница и областен државен театар во Горна Џумаја. Книжарницата била отворена на 1 мај 1947 година, а на 7 ноември истата година и театарот. Првата претстава била ''„Печалбари“'' од [[Антон Панов]], во која учествувале и актерите [[Петре Прличко]] и [[Тодорче Николовски]]. Од Македонија во театарот во Горна Џумаја биле испратени артистите [[Илија Милчин]], [[Крум Стојанов]] и [[Вера Вучкова]]. За Пиринска Македонија есента заминале и стотина учители, кои во повеќе села и градови ги изучувале децата на македонски литературен јазик. Тогаш 43 години по загинувањето, од [[Софија]] во [[Скопје]] беа пренесени моштите на [[Гоце Делчев]], со што беше исполнета желбата на неговите соборци тие да бидат погребани во слободна Македонија. Сместени во саркофаг изработен посебно за таа цел, тие тргнаа од Софија кон тогашна Народна Република Македонија на 7 октомври 1946 година и преку Пиринска Македонија, [[Струмица]] и [[Штип]] стасаа во [[Скопје]] на 10 октомври. Нив на претставниците на Македонија им ги предадоа раководители на [[Илинденската организација]]. На свеченото испраќање за да се збогуваат од Гоце дошле околу 5 000 Македонци од повеќе места во Бугарија. Посмртните останки во присуство на највисоки македонски раководители беа погребани во [[Црква „Св. Спас“ - Скопје|црквата „Свети Спас“]], а на овој голем чин присуствувале и неговите живи сестри - Тина Андонова, Лика Станишева и Елена Пејнерџиева.
 
На пописот во 1946 година само во Пиринска Македонија околу 70 отсто од населението се запишало како Македонци. Тогаш во Бугарија како Македонци се декларирале околу 180.000 лица. Уште еднаш во наредниот попис, во 1956 година ќе се потврди ова иста бројка, само нешто зголемена. Според официјални бугарски извори, тогаш ќе бидат пребројани точно 187.789 Македонци. Од 282.015 жители во Пиринска Македонија, 63.7 отсто или 178.862 ќе се запишат како Македонци.
 
Во 1948 година поради Резолуцијата на [[Информбиро|Информбирото]]то доаѓа до влошување на односите помеѓу Бугарија и Југославија со што беше ставен крај на надежите за интегрално решавање на македонското национално прашање, а ''„културната автономија“'' згасна. За Македонците од Пиринска Македонија 1948 година беше една од најстрашните години. [[Герасим Тодоров]] од селото [[Влахи]], родното место на [[Јане Сандански]], една година пред тоа формира илегална организација, а штом бугарските комунисти го дознаа тоа доведоа полиција од речиси цела држава и го блокираа целиот регион со триесетина села и градови. Блокадата траеше повеќе од еден месец, а желбата Македонија да ја видат обединета со живот ја платија неколку десетици Македонци.
[[Податотека:Герасим Тодоров.jpg|мини|лево|150п|[[Герасим Тодоров]]]]
Четворица Македонци биле ликвидирани без судење, а осуммина обесени откако им биле изречени смртните пресуди. Солун Георгиев, Македонец до фанатизам, бил мачен и испитуван во селското училиште на Влахи, а потоа убиен. Асен Драчев го врзале и го претепале до смрт, како и Ванчо Танчев и Васил Адамов. Петар Донков од селото Оштава, по жестоките тепања во подрумите на МВР на Сандански, умрел во затворот во Благоевград. Димитар Павлов од Мал Врбовник бил убиен со уште неколкумина другари. Се претпоставува дека го ликвидирал агент-провокатор, негов близок роднина. Подоцна неговата ќерка Искра била затворена и повеќе месеци свирепо измачувана во благоевградскиот затвор. По изречувањето на смртните пресуди во затворот во Благоевград биле обесени Илија Чопев, Асен Михајлов од селото Оштава, Јанчо Јанев од Гара Пирин, Андреј Спасов од Влахи, Георги Тополигов од Петрово, Смилен Гаргов од Џигурово. Тогаш биле обесени и двајца офицери на бугарската армија, како и двајцата Македонци, полковникот Стојне Бајчијски и потполковникот Димитар Кузманов, кои тие денови дошле од Софија и се приклучиле на четата на Герасим Тодоров со намера да пребегаат во Грција. Од осудените на смрт само тројца се спасиле од бесилка. На свештениците Иван Џолев од Катуница и Стефан Камбитов од Падеш и на д-р Петар Митов од Гара Пирин смртните пресуди им биле заменети со доживотна робија. Крум Монев од село [[Оштава]], кој поради тоа што бил малолетен го осудиле на 15 години затвор, по излегувањето на слобода подготви посебен албум на сите што настрадале во злокобната 1948 година. Во неа ќе ги забележи имињата и на уште шеесетина Македонци, кои најдобрите години од животот ги минаа по бугарските затвори.
Ред 462:
{{Историја на Европа}}
{{Историја на Европа по земја}}
 
{{МРО}}
 
[[Категорија:Историја на Македонија| ]]
[[Категорија:Историја на македонскиот народ|*]]
 
{{МРО}}