Канкун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-скулптор +вајар)
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 85:
Тулум е главната северно-јужна сообраќајница, која го поврзува центарот со аеродромот, кој се наоѓа 30км (19милји) јужно од центарот. Тулум го делат авенијата Коба, која се наоѓа источно од Авенија Кукулкан, главниот пат кој води до патот островот седмица, односно хотелската зона. Авенијата Тулум завршува северно од авенијата Пасео Хосе Лопез Портиљо, која се поврзува со главниот автопат, западно од Чичен Ица и Мерида. Авенијата Бонампак е уште еден од огромните патишта, кој поврзува север-југ и се движи паралелно до авенијата Тулум. Главното фери за до островот Мухерес се наоѓа во Пуерто Хуарез на авенијата Пасео Хосе Лопез Портиљо.
По ураганот Гилберт 1988, со цел да се заштеди на инсталирање на канализациски системи и многу други работи, нацртот на градот се осврна на многу грд план. До скоро, повеќето згради во центарот беа на 4 ката или помали; од 2005, имаше навала за изградби на кондоминиум и продажба на луксузни и канцелариски простори, концентрирани на Бонампак авенија.
Центарот на Канкун скршна од оригиналниот план што беше предвиден; градбите беа распрскани насекаде. Областа крај плажите и лагуните, кои се наоѓаат во хотелската зона, е сеуштесè уште во фаза на развој. Други вакви туристички зони освен хотелската се Пуерто Канкун и Малекон Канкун.
= Туризам =
Лагуната Ничупте се наоѓа на спротивната страна од Карипското Море, и се користи за едрење, скијање на вода и сл.
Ред 94:
Во Канкун има интернационален аеродром, кој располага со многу летови за Северна, Средна и Јужна Америка, Азија и Европа. Лоциран е на северно-источниот дел од полуостровот Јукатан и во просек го посетуваат повеќе од 10 милиони патници годишно. Оддалечен е 12 милји од хотелската зона, 20 минути пат со кола. Во хотелската зона има и јавен превоз. До островот Мухерес може да се стаса со брод од Пуерто Хуарез.
= Клима =
Канкун има тропска клима, може да биде и влажна и сува, со малку разлики во температурите меѓу сезоните. Општо земено, во градот е жешко во текот на целата година, но понекогаш топлото време е проследено со крајбрежни пасати. Годишната просечна температура изнесува 27 C (80, 8 °F). На полуостровот Јукатан, морските ветрови донесуваат високи температури, кои можат на попладневијата да достигнат 35 °C (95 °F). Годишните врнежи на дожд изнесуваат 1, 340 милиметри (52.8 инчи), присутни во 115 денови во годината.Умерените температури доаѓаат во Ноември и траат до Февруари, проследени се со освежувачки ветар од север, посуво е, и пак се стоплува во Март и Април. Најжешко е од Мај до Септември, што се должи на карипското влијание, а влажноста е повисока поради сезоната на ураганите ( 70% од деновите се без дожд). Хотелската зона е лоцирана во Карипското Море, и е опколена од океанот, такашто дневните температури се движат со 1-2 степени помалку и ветровите се значително почести, за разлика од областа околу аеродромот, кој се наоѓа во внатрешноста, кадешто е главната метеролошка станица.
Сезоната на тропските бури трае од Мај до Декември,а дождовната сезона продолжува до Јануари со кулминација во Септември. Од Февруари до Мај обично е суво, со ретки краткотрајни врнежи. Канкун е лоциран на една од ударните точки на ураганите во Карибите. Иако катастрофалните урагани се ретки, во последниве години се случија неколку во близина на Канкун. Ураганот Вилма во 2005 е најголемиот досега. Ураганот Гилберт удри директно на хотелската зона во Канкун и хотелите мораа да се обноват. По ураганите, федералните, државните и општинските власти беа спремни да се справат со последиците што ги оставија. И ураганот Дин остави трага на градот во 2007.
= Ураган Гилберт =
Ураганот Гилберт е вториот најсилен ураган кој се случил на Атлантскиот Океан. Откако помина низ островот Козумел, застана кај Јукатан. Во регионот на Канкун, беше проценета штета од 87милиони долари, поради загубите во туризамот во Октомври, Ноември и Декември 1988.
= Ураган Вилма =
Ураганот од четврта категорија- Вилма, пристигна на копното на Јукатан, со брзина на ветрот од 150mph150 mph (240km240 km/h). Окото на ураганот најпрво помина низ островот Козумел и потоа околу полноќ на 22ри Октомври ја фати плажата Плаја Дел Кармен во сојузната држава Кинтана Ро, со движење на ветрот околу 140mph140 mph (230km230 km/h). Делови од Козумел го искусија мирното око на Вилма и по неколку часови се забележа сино небо и сонце. Окото (центарот) продолжи да се движи северно, поминувајќи западно од Канкун-Кинтана Ро.
Властите побараа од надлежните за туризмот да го откажат праќањето на туристи, кога ураганот почна да се приближува.
= Образование =
Иако Канкун е познат како туристичка дестинација, во последниве години се отворија и колеџи кои нудат високо образование на мексикански и странски студенти.
Првата високо-образовна институција што беше основана е Институтот за Технологија, Канкун. По него се: Универзитетот Ла Сале Канкун, Универзитет Анахуак Канкун, Технолошки Универзитет на град Канкун, Универзитет на Карибите и Тех Милениум.
 
[[Категорија:Градови во Мексико]]
[[Категорија:Кинтана Ро]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Канкун