Димитар Влахов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 42:
[[Податотека:Dimitar Vlahov Fes.jpg|140п|мини|лево|Димитар Влахов како пратеник во Отоманскиот парламент]]
 
По [[Младотурската револуција]], во есента [[1908]] година е избран за пратеник во отоманскиот парламент, како претставник на левицата на македонското ослободително движење. Пред влегувањето во отоманскиот парламент не го владее турскиот јазик (единствениот на кој можело да се зборува). Во тој период многу брзо го совладува јазикот. Од тој период забележани се неговите говори за самоволието на младотурската власт над македонското население (1910) и говорот за заштита на националните малцинства (од 1911).<ref name='GV'>Густав Влахов, „Спомени за татко ми“, издавач „Радио-телевизија Скопје, 1968.</ref>

Учествува во редактирањето на весникот „[[Единство (солунски весник)|Единство]]“ кој бил орган на дејците од Струмичкиот револуционерен округ на ВМОРО. На основачкиот конгрес на [[Народната федеративна партија]] во август [[1909]] година е избран за претседател на Централното биро на партијата и станува еден од нејзините најистакнати членови. Набрзо влегува во судир со [[Јане Сандански]] и во јануари [[1910]] година го исклучува од членство на партијата. Не зема учество на Вонредниот конгрес на НФП во април 1910 година, на кој санданистите избираат ново раководство на партијата. Од летото 1910 година станува член на [[Солунска социјалистичка федерација|Солунската социјалистичка федерација]].<ref>Димитар Влахов „Македонија и Младотурска“ во „Историски гласник“, Историско друштво НР Србије, 3/1949, 47 стр.</ref>
 
== Балканските војни и Првата светска војна ==