Бабуна (река): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
сНема опис на уредувањето
Ред 18:
Реката Бабуна извира на југоисточната страна на [[Мокра Планина]] под врвот [[Солунска Глава]]<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138</ref> и протекува помеѓу планинскиот масив [[Јакупица]] од левата и планината [[Бабуна (планина)|Бабуна]] од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото [[Нежилово]] тече во јужен правец до [[Богомила]]<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138</ref>. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото [[Оморани]] од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во [[Вардар]]<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.129</ref>. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.<ref>''Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979''</ref>. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138</ref>. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата [[Пешти]], каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
 
== Галерија ==
 
<center>
<gallery>
слика:Римски мост на Бабуна во Богомила 6532.jpg|Римски мост на реката [[Бабуна]] на влезот од селото [[Богомила]]
Слика:Babuna-River-Azot.jpg|Горното течение на реката Бабуна, сликана од патот Богомила - Папрадиште
File:Babuna vo klisurata Pesti.jpg|Клисурата Пешти на реката Бабуна
File:Babuna River.jpg|Долното течение на реката Бабуна во близината на клисурата Пешти
Слика:Átkelés a Babuna Bogomilavölgye felé. Fortepan Macedonia59309.jpg|РекатаПреминување на Бабуна восо селотодрво Богомилаи јаже, 1915 г.
File:Proekt za most na reka Babuna, Omorani, 1938.jpg|Скица на прсторот и положбата на земјиштето на проектиран мост на реката Бабуна, кај село Оморани, (1938) г.
</gallery>
</center>
 
;Реката помеѓу селата [[Богомила]] и [[Нежилово (Велешко)|Нежилово]]