Индија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 46.217.123.130 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ознака: Отповикување
Ред 116:
 
== Географија ==
Индија се наоѓа во јужните делови на Азија. Областа која подпаѓа под голем дел на индиска територија лежи на север од екваторот помеѓу 6 ° 44 'и 35 ° 30' северна географска ширина и 68 ° 7 'и 97 ° 25' источна географска должина. Земјата се наоѓа на индиската тектонска област и помал дел од Индо-австралиската област.
Дефинирањето на геолошки процеси на Индија започнува пред 75 милиони години, кога на индискиот потконтинент, тогашен дел од јужниот потконтинент Гондвана, започнува северноисточниот отклон, со траење од педесет милиони години, во тогашниот неоформен Индискиот Океан. Индија претставува полуостровска земја која се граничи со: Кина, Непал, Бутан, Бангладеш, Мјанмар и Пакистан. Последователниот судир на потконтинентот со Евроазиската плоча и нивното поместување, ги воздигнува Хималаите, највисоките планини на оваа планета, кои стануваат потпора на Индија во северниот и северо-источниот дел. Во праисториското морското дно, веднаш јужно од новите Хималаите, движењето на плочата создал огромен вал, кој, постепено се полнел со речни наноси, и потоа ја оформил [[Индоганшка Низина|Индоганшката Низина]]. Западно од оваа рамнина, и отсечена од страна на планинскиот појас Аравали, се наоѓа пустината Тар.
Оригиналната индиски плоча, која преживеала како индискиот полуостров, најстариот и геолошки најстабилен дел на Индија, и се протега на север, до Сатпура и Виндја до централна Индија. Овие паралелни венци се протегаат од Арапското Море во Гуџарат во западниот дел и богатата јаглена висорамнина Чота Нагапур во Џарканд на исток. Јужно од нив, на останатата полуостровска земјена маса, на висорамнината [[Декан (висорамнина)|Декан]], заградени се крајбрежните предели од левата и десна страна, соодветно од Западен и Источен Гхат; висорамнината ги содржи најстарите камени формации во Индија, некои стари над една милијарда години. Обрзувана на ваков начин, Индија
Крајбрежјето на Индија е долго 7.517 километри (4,700 mi), од оваа оддалеченост, 5.423 километри (3,400 mi) припаѓаат на полуостровот Индија, а 2.094 километри (1,300 mi) на Андаманските, Никобариските и Лакадивиските Острови. Индија има поволна географска местоположба, таа излегува на: Бенгалскиот залив, Аралско Море и Индиски Океан. Според индиските поморски хидрографски карти, брегот се состои од : 43% песочни плажи, 11% карпест брег, вклучувајќи карпи и 46% каллив или мочурлив брег. A MOZE I DA BIDE VOJVODI
Големите реки кои водат потекло од Хималаите и течат низ Индија вклучително и Ганг (Ganga) и Барамапутра, се влеваат во Бенгалскиот Залив. Главни притоки на реката Ганг се реките Јамуна и Коси, чија екстремно ниска структура секоја година предизвикува катастрофални поплави. Реките на големиот полуостров чии пострмни структури ги спречува нивните води од поплави вклучувајќи ги Годавари, Маханади, Кавери и Кришна, исто така истекуваат во Бенгалскиот Залив; додека пак Нармада и Тапти, истекуваат во Арапското Море . Меѓу забележаните приморски карактеристики на Индија се мочурливиот Ран на Куч во западниот дел на Индија, и алувијалните делти на Сундарбан, кои Индија ги дели со Бангладеш . Индија има двa архипелази: Лакадиви, корален атол кој го сочинува југо-зпадниот брег на Индија и Андамани и Никобари, вулкански ланец во Андаманското Море.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Индија