Андре Жид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 24:
На 10 годишна возраст го изгубил татко му, а семејството се сели во Нормандија. Поради психичките кризи, Жид се школувал дома, па така изолиран почнува да го открива новиот свет – литературата и пишувањето. Заминува во Париз каде ги посетува салоните и литературните кружоци, а во 1893 одлучува да отпатува во [[Северна Африка]] која ја доживува како „Илјада и една ноќ“. Тука ја спознава својата [[Хомосексуалност|хомосексуална природа]]. По враќањето во Париз, егзалтацијата го напушта – исти кафеани, исти кружоци, исти расправи, па разочаран се повлекува и осамен го пишува краткото дело ''Мочуришта'' (ориг. Paludes), еден од првите француски „антиромани“. Истата 1895 умира мајка му и тој набргу се жени со љубовта од детството, роднината Мадлен Рондо. Сепак оваа врска е осудена на пропаст, а сите жени понатаму во неговите дела ќе го носат коренот на неговата сопруга. Од [[Иморалист|''Иморалист'']] (1902) до следното дело [[Тесна врата|''Тесна врата'']] (1909), лошо дочекани во јавноста, Жид не објавува ништо. Запаѓа во тешка морална криза, се разделува од пријателите, прогонет од своите очекувања и прекинот на бракот, од патењето кое го нанел на жената која ја сака, се соочува со криза на идентитетот. Дури во 1914, излегува неговиот роман [[Визбите на Ватикан|''Визбите на Ватикан'']].
 
Андре Жид го поддржува борбениот конфликт кој резултира од [[аферата Драјфус]], но е против вооружувањето. Тој се дружел со други книжевници како [[Роже Мартен ди Гар]], [[Пол Валери]] или [[Франсис Жам]] – пријателства кои ќе исчезнат со текот на времето, како и мачното пријателство со [[Пјер Луис]], во младоста на Жид. Заедно со неколку пријатели, го создава книжевното списание ''Нова француска ревија'' (ориг. ''La Nouvelle Revue francaise''), на кое е назначен за главен уредник што му овозможува да игра битна улога во француската книжевност. Во тој период, тој ги објавува романите ''Иморалист'' во 1902 година и ''Тесната врата'' во 1909 кои му носат слава. Неговите други романи кои се објавени пред и по [[Прва светска војна|Првата светска војна]] се: ''[[Визбите на Ватикан]]'', 1914; ''[[Пасторалната симфонија]]'', 1919, неговата најчитана книга, која го обработува судирот на религиозниот морал и чувствата; ''Ковачи на лажни пари'', 1925 - роман со нелинеарна структура – го етаблираат како модерен писател, кој честопати е критикуван за својот висок, претензиозен стил на пишување. Сепак, приватниот живот преоптоварен од скриената [[хомосексуалност]] како и желбата да се надминат табуата станува предмет на поличносни текстови како ''[[Коридон]]'' (1920-24), или ''[[Ако житото не умира]]'' (1926), автобиографски дела кои го опишуваат неговото буржоаско детство, привлечноста кон машкиот пол и почитта која ја чувствувал кон братучетката Медлен, со која останува во брак покрај длабоко комплицираниот приватен живот. Од вонбрачна врска ја добива ќерката Катарина во 1923. Во 20-тите години Жид станува инспирација за писателите како [[Албер Ками|Ками]] и [[Жан-Пол Сартр|Сартр]], но делата во кои ја храни хомосексуалната природа наидуваат на остри критики.
 
Во 20-тите години Жид станува инспирација за писателите [[Албер Ками|Ками]] и [[Жан-Пол Сартр|Сартр]]. Во 1923 година објавил книга за [[Фјодор Достоевски]]; сепак, кога ја одбранил хомосексуалноста во јавното издание на ''Коријдон'' (1924), тој доби широка осуда. Тој подоцна го сметал ова за неговото најважно дело.
 
Неговите дела добиваат поинаква боја откако сведочи на неколку настани од светската политика. Така, патувајќи, ја открива [[Супсахарска Африка|црната Африка]] и во 1927 година го објавува дневникот на неговото ''Патување во Конго'', во кој ги осудува концесионерите, но и управата и ставот на поголемиот дел од Европејците кон колониите. Во почетокот на [[1930-ти|1930-тите]], покажува интерес за [[Комунизам|комунизмот]], со посебен ентузијазам за советскиот модел, но мислењето потполно му се менува кога го посетува Советскиот сојуз во 1936 година. Жид го објавува своето сведоштво истата година, ''Назад во СССР'', дело кое предизвикува напади и омраза од страна на комунистите. Сепак настојува во својата борба против советскиот тоталитаризам во времето на [[Московски судења|судењата во Москва]], и се вклучува во исто време, во борбата на интелектуалците против [[Фашизам|фашизмот]].