Географска ширина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 29:
Често е забележувано дека постои изразена корелација помеѓу географската ширина и [[Богатство|богатството]] на нациите. Континентите покрај [[Екватор|екваторот]], [[Африка]] и [[Јужна Америка]] се најсиромашните. Дури и во рамките на Африка и Јужна Америка може да се забележи дека нациите најдалеку од екваторот се побогати. Во Африка најбогатите нации се трите на јужниот крај на континентот, [[Јужна Африка]], [[Боцвана]], и [[Намибија]], како и земјите во [[Северна Африка]]. Слично во Латинска Америка - [[Аргентина]], [[Чиле]], и [[Уругвај]] долго време се најбогатите. Во [[Азија]], [[Индонезија]], лоцирана на екваторот, е меѓу најсиромашните. Најбогатите нации во светот со најголем животен стандард имаат тенденција да бидат оние во најсеверните области достапни за населување на човекот, [[Канада]], и [[Нордиски земји|нордиските земји]]. Во рамките на богатите континенти, богатството се зголемува со разликата од екваторот. Јужна [[Европа]] долго била посиромашна, како и јужните [[Соединети Американски Држави]].
 
Постојат голем број на објаснувања за овој феномен. Првиот што се обидел да го објасни ова бил [[Франција|францускиот]] [[философфилозоф]] [[Монтескје]] кој сметал дека ладното време значи помалку крв во екстремитетите што го прави телото помалку еластично; и ова им дава на северњаците повеќе сила и ги прави помалку способни да се релаксираат. Ова насочување на крвта во внатрешноста, според Монтескје, исто така значи поголем проток во срцето, што ја зголемува виталноста. Овие откритија се целосно отфрлени од модерната наука.
 
Исто така отфрлено, но сѐ уште присутно меѓу некои групации, е расното објаснување. Оние покрај екваторот имаат тенденција да бидат со црна кожа, и поотпорни на директна сончева светлина. Некои сметаат дека црната боја на кожата е поврзана со помала интелигенција. Не постојат докази за оваа претпоставка.