Влада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
Ред 19:
 
==== Теорија насила ====
Многу политички философиифилозофии кои се противат на потребата од постоење на владите ([[анархизам]], [[нихилизам]], [[марксизам]] ...) ги потенцираат историските корени на владите - владите, заедно со [[приватна сопственост|приватната сопственост]], се измислени од воинствените авторитети и деспоти кои приграбиле, со сила, одредени делови од територијата и почнале да практицираат авторитет над луѓето кои живееле на таа територија. Значи, се претпоставува дека владите настанале за насилно наметнување на вољата на појаките над послабите, штитејќи ги привилегиите на владејачките класи. Се претпоставува дека владата се појавува кога сите луѓе на одредено подрачје биле под контрола на авторитетот на една личност или мала група на луѓе.
 
==== Ред и традиција ====
Ред 28:
 
==== Општествен договор ====
Една од највлијателните теории за влади во последните два века е теоријата за [[општествен договор]], на која се базираат модерните [[демократија|демократии]] и повеќето форми на [[социјализам]]. Оваа теорија стои на ставот дека владите се креирани од луѓето со цел да обезбедат колективни услови (како искоренување на неписменоста, борба против криминалот, технолошки напредок) кои не можат да бидат задоволени со користење на индивидулани права. Значи владите постојат со цел да им служат на потребите и желбите на луѓето. Владите работат според "општествени договори" ([[устав]] и пропратни закони) кои мора да бидат прифатени од страна на владата и луѓето (народот). Ако мнозинството е незадоволно, тоа може да го измени социјалниот договор. Ако [[малцинство]]то е незадоволно, тоа може да го убеди [[мнозинство]]то да го промени општествениот договор или да ја напушти територијата на која дејствува владата (емигрира) или да се обиде да изврши [[сецесија]]. Оваа теорија е заснована на претпоставката дека сите луѓе живеат во свет кој не е идеален. Значи имаме договор помеѓу членовите на организираното опшество. Имаме договор помеѓу владеачите и владеаните кој ги лимитира правата на едните и дефинира должностите на другите. [[Томас Хобс]], [[Џон Лок]] и [[Жан-Жак Русо]] се најпознати философифилозофи кои ја пропагираат оваа теорија.
 
== Види исто така ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Влада