Бар (град): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с нов подреден клуч за Категорија:Бар: „ “ користејќи го HotCat
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец)
Ред 85:
Бар е еден од малкуте градови кој може да се гордее со неколку цркви што претставуваат редок верски и социјален феномен. Имено, овие цркви се користеле за двете христијански вероисповеди што опстојуваат во регионов - православната и католочката веросиповед.
 
Од сите културни и историски споменици во Бар, најмногу внимание привлекува '''Палатата на крал Никола''', која потекнува од XIX век. Таа била изградена во 1885 година на самиот морски брег и била подарок од кралот Никола за својата ќерка принцезата Зорка и за неговиот зет принцот Петар Караѓорѓевиќ. Палатата била составена од голема палата, од мала палата, од капела, од стражарница и од зимска градина. Во 1910 година ѝ била доградена пространа сала за балови. Во состав на палатата има и парк со многу различни видови медитеранска вегетација, меѓу кои и плутов даб. Пред палатата имало дрвен столб кој служел како котва за усидрување бродови и јахти. Во периодот помеѓу 1866 - 1916 година кралот Никола поседувал десет јахти. Една од нив, „Сибила“, тој ја купил од романсиеротроманописецот [[Жил Верн]], додека пак последната јахта што ја купил, наречена „Румија“, во 1915 година австро-унгарската морнарица ја потонала во областа на денешното пристаниште. Тука се наоѓа и голема цветна градина направена од нерѓосувачка челична структура со интересен облик која била подарок од италијанскиот крал [[Виторио Емануеле III, крал на Италија|Емануеле]], а која е претворена во ресторан наречен „Knjaževa bašta“ („Кнезова бавча“). Денес, освен што во комплексот згради на палатата се наоѓа „Zavičajni muzej grada Bara“ („Музеј на татковината на градот Бар“), тој се користи и за фестивали (концерти, изложби и литературни настани).
 
'''Старата маслинка во Мировица''' е природен заштитен знак на Бар. Се верува дека е постара од 2 000 години и со тоа претставува едно од најстарите маслинови дрва во светот. Во 1957 година е ставена под државна заштита. Со Старата маслинка во Мировица се поврзуваат голем број легенди и традиции. Во една од нив се вели дека едно време, оние фамилии кои имале расправија, доаѓале во местово за да се помират под ова маслиново дрво. Оттука и местото го добило своето име ''Мировица''.