Уметност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.169.160 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n
Ред 130:
Во својата ''Философија на уметноста'' (1802-1803), [[Фридрих Шелинг |Шелинг]] го отфрла името естетика и објавува дека само философијата е таа која може да развие вистинска наука за уметноста. Друго големо име во однос на философијата на уметноста е [[Хегел]], кој во својата ''Естетика'' (1828-1829) покажува дека целта на таа дисциплина е Убавото и Уметноста, сфатени различно и одвоено од религијата и философијата.
 
 
Во модерниот период доминираат две поголеми струи <ref>Michel Blay, ''Dictionnaire des concepts philosophiques'', Larousse, CNRS éditions, 2006, {{ISBN|2-03-582657-8}}, {{pp.}}50-53.</ref>.
===Модерните сфаќања за уметноста===
Во модерниот период доминираат две поголеми струи :<ref>Michel Blay, ''Dictionnaire des concepts philosophiques'', Larousse, CNRS éditions, 2006, {{ISBN|2-03-582657-8}}, {{pp.}}50-53.</ref>.
*Првата, претставувана од Адорно го поставува прашањето на автономијата на уметноста, особено vis-à-vis со општеството. [[Теодор Адорно]], наследник на мислата на [[Карл Маркс]], заклучува дека без општеството уметноста не може да постои.
*Втората струја е онаа на аналитичката естетика. Таа го поставува проблемот на дефиницијата на уметноста. Употребите на зборот се анализирани од [[Лудвиг Витгенштајн]] додека нејзиното функционирање како практика е проучувано од [[Нелсон Гудман]].
 
Зборувајќи за потеклото и значењето на уметноста, полскиот писател и философ [[Бруно Шулц]] вели дека уште во детството човекот доаѓа до одредени слики кои понатаму имаат судбоносно влијание, бидејќи во него создаваат содржини кои се предодредени и ја претставуваат програмата на духот. Овие рани слики на уметниците им ги одредуваат границите на нивното творештво, коешто претставува само [[дедукција]] од готови претпоставки. Подоцна, уметниците не откриваат ништо ново, туку само постојано го коментираат тој почетен [[стих]] што им е зададен. На тој начин, уметноста не ја открива тајната до крај. Оттука, рационализацијата на уметничкото дело е крај на забавата, осиромашување на проблематиката на делото, зашто уметноста не е крстозборка со скриен клуч кој би можела да го разреши философијата. Во уметничкото дело не е пресечена врската на човекот со целоста на неговата проблематика. Притоа, уметноста оперира во пред[[морал]]ната длабочина, во точката каде што вредноста е допрва во состојба на зародиш. Уметноста како спонтан исказ на животот и поставува задачи на [[етика]]та – а не обратно. Целта на уметноста не е само да го потврди она што донекаде веќе е воспоставено, зашто тогаш таа би била непотребна. Нејзината улога е да биде сонда спуштена во ненареченото, а уметникот е апарат кој ги регистрира процесите во длабочината, каде што се создава вредноста.<ref>„Писмо до Стањислав Игнаци Виткјевич“, во: Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 118-117.</ref>
Изродена од модерната философија, естетиката останува философска дисциплина која и покрај обидите не успеала да прерасне во наука за уметноста.
 
== Убави уметности ==