Лесновски манастир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
[[Податотека:Lesnovo_monastery.jpg|thumb|лево|250px|Црквата во 1912 година]]
За првпат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот [[Станислав]] препишал во манастирот [[пролог]], каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во [[Белград]]. Во [[1341]] година деспотот [[Јован Оливер]] го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во [[Скопје]], [[1347]] година од страна на [[Стефан Душан]] бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната [[Злетовска епископија]], што ја заменила [[Мородвиска епископија|Мородвиската]]. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен.
[[Податотека:Лесновски_манастир_02.jpg|мини|десно|400п|<small>Лесновски манастир</small>]]
Во [[1381]] година повторно бил приложен на манастирот [[Хилендар]]. Во [[1558]] година, при [[игумен]]от [[Неофит]], манастирот бил поправен, а во [[1581]] при игуменот [[Спиридон]], го препокрил кратовскиот [[болјар]]ин [[Никола Бојчиќ]]. Благодарение на жителите на Кратовско и [[Крива Паланка|кривопаланечко]], манастирот успеал да дотрае низ целиот [[среден век]], па се до денес, зошто од нив бил неколу пати поправан. При крајот на [[17 век]] запустел, но во [[1805]] го обновил [[еромохај]]от [[Теодосиј (еромохај)|Теодосиј]]. Во [[1814]], од една белешка гледаме дека тој бил игумен на манастирот. Овој манастир е еден од побогатите [[книжевни центри во Македонија]]. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата [[библиотека]]. Познати се збирките во: Белград, [[Софија]], [[Пловдив]].
 
Досега [[славистика]]та идентификува значителен број ракописи од овој манастир, од кои позначајни се: [[Прологот од 1330 година]], [[Минејот од 1342 година]], [[Паранејсот од 1353 година]] итн. Голем е и бројот на книжевниците што во манастирот ја вршеле својата книжевна дејност. На прв план тоа е Станислав - првиот книжевник од Лесновскиот книжевен центар и оснивач на [[Калиграфија|калиграфската]] школа; Партенија, негов ученик, псевдонимниот книжевник Тахота, Калиник, Драјко, Радоња, Силвестер, [[поп Лазар од Кратово]], [[поп Никола]] итн. Неговото прераснување во книжевен центар се поврзува со фактот што поседувал економски богат статус. Под негова прбижна потчинетост биле многу цркви и манастири, како и села. Да се спомене дека истиот бил и засолниште за голем број [[револуционер]]и и ослободителни групи, што се бореле за национална слобода на [[Македонци|Македонскиот народ]].
 
 
== Лесновски скрипторум ==