Полска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Политички систем: дополнување
Ред 129:
 
[[Податотека:Sejm RP.jpg|мини|десно|Сенатот на Полска]]
Полска е [[демократија]] со претседател како шеф на државата и со устав кој е усвоен во [[1997]] година. Владината структурата е составена од Советот на министри и премиерот како претседател на владата. Претседателот го назначува кабинетот по предлог на премиерот. Претседателот на Полска се избира на претседателски избори за мандат од пет години. Моментален претседателСобранието на Полска е [[Лех Качињски]]дводомно, додекапа премиертака еима собрание кое се состои од 460 пратенички места [[Еваи Копач]]Сенат.
 
На парламентарните избори од [[2001]] година убедлива победа остварила полската левица, со добиени над 40% од гласовите, но потоа таа освоила помалку од 10% на изборите одржани во [[2005]] година. Тогаш, најмногу гласови освоила партијата на близнаците [[Лех Качињски|Лех]] и [[Јарослав Качински]] „[[Право и правда]]“ (27%), а на второто место била централно-десничарската партија „[[Граѓанска платформа]]“ предводена од [[Доналд Туск]], која освоила 24% од гласовите. Притоа, меѓу овие две партии се појавиле големи спротивности, така што партијата „Право и правда“ морала да формира малцинска влада на чие чело застанал премиерот [[Казимјеж Марќинкјевич]].<ref>Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 75-76.</ref>
Собранието на Полска е дводомно, па така има собрание кое се состои од 460 пратенички места и Сенат.
 
На претседателските избори во [[2005]] година се водела борба меѓу Доналд Туск и Лех Качински. По првиот круг, Туск водел со освоени 36,3% од гласовите, а Качински освоил 33,1%, но во вториот круг победил Качински, со освоени 54% ог гласовите наспроти 46% на Туск.<ref>Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 76.</ref>
 
На парламентарните избори во [[2007]] година партијата „Граѓанска платформа“ освоила 41,5% од гласовите и заедно со Полската народна партија формирала влада со Туск како премиер. Во тој период, претседателот Лех Качински ставил вето на поголем број закони донесени од страна на владата на Туск, кој повел неколку неуспешни иницијативи за ограничување на правото на вето на претседателот. Во [[2010]] година, по смртта на претседателот Качински биле организирани вонредни избори при што за нов претседател бил избран дотогашниот претседател на парламентот [[Бронислав Коморовски]], победувајќи го Јарослав Качински, братот-близнак на погинатиот претседател. И на парлментарните избори во [[2011]] година повторно победила партијата „Граѓанска платформа“, а на претседателските избори во [[2015]] година победил кандидатот на партијата „Право и правда“ [[Анджеј Дуда]]. Во [[октомври]] истата година се одржале парламентарни избори на кои победила партијата „Право и правда“.<ref>Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 76-77.</ref>
 
По поразот на претседателските избори во [[мај]] 2011 година, партијата „Граѓанска платформа“ назначила пет судии на Уставниот суд, иако само на тројца им истекувал мандатот. Сепак, по изборите, новиот претседател Анджеј Дуда не ги потпишал указите за изборот на петте судии, а по октомвриските избори, парламентот, во кој доминирала коалицијата предводена од „Право и правда“ го поништил изборот на сите петмина судии и на нивното место поставил пет нови. Меѓутоа, оваа одлука била поништена од самиот Уставен суд, со што [[Полска]] влегла во уставна криза. Како одговор на тоа, Сејмот донесол измени во Законот за уставниот суд, со кој било предвидено двотретинско мнозинство во одлучувањето на судот. И оваа одлука ја поништил Уставниот суд, но владата одбила да ја спроведе. Наспроти масовните протести ширум Полска, владата предводена од „Право и правда“ донесла неколку закони со кои ги контролирала медиумите и јавното обвинителство, а полицијата добила поголеми овластувања за прислушување. Како реакција на тоа, [[Европски парламент|Европскиот парламент]] донесол декларација со која се барало почитување на одлуките на Уставниот суд, а врз основа на тоа [[Европска комисија|Европската комисија]] започнала процедура за заштита на владеењето на правото.<ref>Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 77-78.</ref>
 
== Административна поделба ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Полска