Обединето Кралство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 109:
Релјефот во [[Шкотска]] и [[Велс]] е претежно планински, а во [[Англија]] - низински. Сите планини во Велика Британија се стари грамадни планини. Најпознати се: Камбриските планини кои се наоѓаат на полуостровот [[Велс]], и Пенинските планини во средишниот дел на [[Англија]]. Други познати планини се: Каледонските, Чивиотските и Грампиенските планини. Највисокиот врв во Велика Британија е [[Бен Невис]] (1343m). Најголеми низини во Велика Британија се Шкотската и Лондонската низина. На Велика Британија и припаѓаат околу 5000 острови. Островот Велика Британија порано бил поврзан со Европа, но со текот на времето тој се одделил од неа.
 
=== Клима ===
[[Клима]]та на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната хемисфера на истата латитуда, поради западните ветрови и топлите води на [[Голфска струја|Голфската струја]] кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на [[дожд]] се начинот на живот на островот. Таа има атлантска клима. [[Зима|Зимите]] се [[магла|магливи]], а [[лето|летата]] се свежи и врнежливи. Западните ветрови од океаните носат големи количества влага. Затоа, дождовите се редовни и чести во текот на годината. Северна Ирска има приморска клима, Англија има умерена клима – благи зими и ладни лета. Во Шкотска според ладната клима, југозападните ветрови кои настануваат при делување на голфската струја, ја прават климата потопла отколку што треба да биде. Климата во [[Велс]] е под влиjание на планините и на блиското море, затоа зимите се благи, а летата свежи. Регионите со високи планини имаат ладни зими со многу снег. Најмалку врнежи на островот има во Cевероиcточна [[Англија]].