Рафаел Батино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Rafael Batino.jpg|мини|Рафаел Батино]]
'''Рафаел Жозеф Батино''' ([[Битола]], {{роден на|14|јануари|1910}} - [[12 јули]] [[1942]]) е [[револуционеркомунист]] од времето на антифашистичката војна, по потекло од [[Битола|битолската]] еврејска заедница, учесник во [[НОВ]].
 
==Детство==
Рафаел потекнува од средината на битолските [[Евреи]]. Татко му Жозеф и мајка му Ребека Колономос биле во добра имотна состојба, барем во споредба со останатите еврејски семејства од Битола. Основното училиште го завршил во своето родно местоБитола, а потоа се запишал во Францускиот лицеј, кој бил единствена педагошка институција. Лицејот го завршил со најдобар успех.<ref>Здравко Чупески, „Херојот Батино“, Еврејска заедница во Р. Македонија, Скопје, 2006, стр. 22.</ref> По завршувањето на лицејот, Рафаел имал голема желба да го продолжи своето школување, но материјалните прилики на неговото семејство не дозволувале. Татко му сметал дека Рафаел треба да изучи некој занает, за да може самиот да си ја обезбедува својата егзистенција. Но Рафаел барал начини да продолжи со школувањето, па така татко му се согласил да го испрати во [[Мексико]] кај свои роднини, кај кои Рафаел требало да работи како трговец.
 
==Животот во Мексико==
Ред 9:
 
==Враќање од Мексико==
По враќањето во својата земја и во родната [[Битола]], Рафаел продолжил со револуционерната дејност, но во поинакви услови од оние што биле во Латинска Америка. Набргу бил препознат и почитуван од прогресивната младина, посебно по предавањата кои ги држел на разни теми.<ref>Чупески, цит. дело, стр. 36.</ref> Рафаел заминува во [[Скопје]], каде нашол работа во еден осигурителен завод. Во тоа време, фабриките и работилниците во Скопје биле опфатени со револуционерен бран: се кревале штрајкови и се одржувале протести. Посебно значајни биле штрајковите кои траеле по повеќе од десет дена, како штрајкот во фабриката „Папатеодоси“ и штрајкот во „Ручигај“.<ref>Чупески, цит. дело, стр. 44.</ref> Рафаел активно се вклучил во создавањето партиски ќелии, како и во омасовување на движењето. Во неговиот дом се одржувале илегални состаноци и консултации со истакнати комунисти од градот. Во текот на [[1936]] година во скопската партиска организација се случило едно од помасовните предавства, при што полицијата извршила детален претрес и во станот на Рафаел Батино. Кај него се најдени голем број на илегален материјал, а меѓу другото и директива на Покраинскиот комитет на [[КПЈ]] за Македонија.<ref>Чупески, цит. дело, стр. 47.</ref> Рафаел е предаден на Судот за заштита на државата. Министерството за внатрешни работи по повод апсењето на Батино испратило предупредување до своите подрачни единици, во кое стоело:
:„''Овие дни во Скопје е уапсен Рафаел Батино со уште неколку свои другари кои стоеле на чело на комунистичката организација, и се обидувале да развијат комунистичка акција на територијата на Вардарска Бановина. ''“<ref>Чупески, цит. дело, стр. 48.</ref>
Рафаел Батино е осуден од судот на пет години робија.
 
==Робија во Сремска Митровица==
Затворот во [[Сремска Митровица]] во тоа време бил познат како доста чуван, но и по свирепиот третман кон своите „питомци“, каде се испраќале политички затвореници од „повисок ранг“. Овде биле испраќани истакнати раководни функционери како [[Моша Пијаде]], [[Родољуб Чолаковиќ]], [[Пашко Ромац]], [[СтрахилЈован ГиговВеселинов]], [[ЈованБане ВеселиновАндреев]], [[БанеСтрахил АндреевГигов]] и многу други. Политичката дејност на Рафаел во затворот била разновидна. Стекнал многу пријатели меѓу затворениците, но исто така од нив стекнал и знаења за практичната револуционерна борба. Иако релативно млад во споредба со другите политички затвореници, Рафаел брзо се истакнал како теоретски подготвен. Од затворскиот колектив му било доверено раководење со еден од внатрешните кружоци во затворот како предавач. Исто така на затворениците им помагал во преведувањето на марксистичката литература што доаѓала однадвор во затворот, посебно во преведувањето на „[[Капиталот]]“ од [[Маркс]]. Ова го работел континуирано сè до бегството од затворот. Во затворот Рафаел се посветил и на проучување на македонското национално прашање.
Познато е дека [[Моша Пијаде]] во затворот изработил портрет на Рафаел Батино.<ref>Чупески, цит. дело, стр. 57.</ref>
 
==Бегство и вклучување во Народно ослободителната борба==
Кога во [[Априлска војна|Априлската војна]] [[1941]] година се распадналараспадналo [[кралска Југославија|КралствоКралството Југославија]], затворот во [[Сремска Митровица]] потпаднал под управата на [[Независна Држава Хрватска]]. Во одделни подрачја од земјата, речиси сите затвореници биле ослободени, но тоа не било случај со овој затвор како и со затворот Керестинец, близу [[Загреб]]. Намерата била сите комунисти да се предадат на [[Гестапо]]. Така,Во летото 1941 година, затворениците започнале со копање канал под ѕидовите на оградата на затворот. Оваи бегствона е[[22 извршеноавгуст]] ноќноБатино, времезаедно со поголема група затворениците, амеѓу надворкои се и [[Бане Андреев]], [[Орце Николов]] и [[Богоја Фотев]], бега од ѕидинитезатворот. наНадвор од затворот биле пречекани од комунисти и партизани, кои веднаш ги одвеле на планината [[Фрушка Гора]]. Рафаел од затворот излегол како инвалид, односно слабо подвижен.
 
===Активностите во Санџак===
Раководството на партизанските одреди, имајќи ја предвид инвалидноста на Рафаел, му помогнало да се префрли преку реката [[Сава]] и да се вклучи во составот на Посавскиот партизански одред. Од таму Рафаел заминал во ослободеното [[Ужице]]. Овде имал средба со [[Тито]], од кого барал да биде испратен во партизанските одреди. Но поради здравствената состојба, Централниот комитет на КПКПЈ донел одлука Рафаел да биде изземен од вклучување во партизанските единици, но да се ангажира на политичката работа во заднината.<ref>Чупески, цит. дело, стр. 67.</ref> Така, Рафаел бил упатен на територијата на [[Санџак]], заедно со голема колона, а по пристигнувањето во [[Нова Варош]], влегол во составот на Околискиот комитет на КПЈ. Од тоа време, Батино делува и е познат под псевдонимот Миша Цветковиќ.
 
Рафаел е наименуван за секретар на Околискиот комитет на Партијата на Нова Варош. Во тоа време на ова подрачје се наоѓал Врховниот штаб на Југославија, како и раководството на српското партизанско движење, од кои Рафаел примал обврски и задачи. На [[23 мај]] [[1942]] година, со одлука на Главниот штаб на НОВ на Србија, Батино е именуван на функцијата политички секретар на Обласниот комитет на КПЈ за Санџак.
 
===Последната акција===
Како последна акција на Рафаел Батино, односно Миша Цветковиќ, се смета неговото последно патување во околината на [[Плевље]], заедно со поголема група активисти и соработници. <ref>Чупески, цит. дело, стр. 73.</ref> Во тој период, четниците на [[Дража Михајловиќ]], и посебно бригадата на командантот Јеловац, активно се бореле против партизанските организации во околината на Плевље. На [[9 јули]] [[1942]] година, групата активисти наишла на заседа поставена од Јеловац, и се судрила со четниците, на планината Љубишње, кај местото Вучји Клек. Во таа борба четниците го заробиле Рафаел Батино, како и неговиот соборец Вељко Кожиќ, а останатите активисти успеале да се спасат со бегствопобегнат. Батино и Кожиќ биле испитувани цела ноќ, физички малтретирани и претепани, па предадени на фашистичките италијански воени власти.
 
На [[12 јули]] [[1942]] година, карабињерите го извеле Рафаел и еден од неговите соборци, кои едвај стоеле на нозе после тепањето при италијанската истрага. Додека им ги врзувале рацете со синџири, Рафаел извикувал пароли „Долу Хитлер и Мусолини, долу фашистите и нивните слуги-четници“. Движејќи се низ главната улица на [[Плевље]] кон Сењак, каде фашистите вршеле стрелање, Рафаел гласно протестирал, најнапред на шпански, а потоа на италијански и германски јазик. Карабињерите му ја врзувале устата, го мавале со кундаци, му ги искршиле забите, но тој упорно извикувал пароли за слободата. Го замолчиле митралеските рафали.<ref>Чупески, цит. дело, стр. 76.</ref>
 
Ред 37 ⟶ 38:
{{наводи}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Батино}}
[[Категорија:Македонски Евреи|Б]]
[[Категорија:Битолчани|БМакедонски Евреи]]
[[Категорија:Битолчани]]
[[Категорија:Македонски партизани]]
[[Категорија:МакедонскиДејци Евреи|Бна КПЈ]]