Астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Астрономијата''' е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: [[планета|планети]], [[сателит|сателити]]и, [[комета|комети]], [[астероид|астероиди]]и, [[ѕвезда|ѕвезди]] и [[галаксија|галаксии]].
[[Податотека:Messier51.jpg|мини|десно|300п|'''Галаксија''']]

Ред 18:
'''Најниска опсерваторија'''- овој телескоп се наоѓа во рудникот ''Хоумстејк'', 1.5 км под земјата во американската држава [[Јужна Дакота]]. Во него се набљудуваат ситни честички од вселената, неутрини, кои без проблеми минуваат низ Земјата. Нивното минување се следи со помош на голем резервоар исполнет со посебна течност.

'''Најголема параболична радио антена'''- има пречник од 305 метри а претставува дел одрадиотелескопот '''Аресибо'''. Изградена е во природното врталиште во ридовите на [[Порторико]].

'''Најстарата сочувана опсерваторија''' е Чомсунг-Дае во местото Кјонџу, во [[Јужна Кореја]], изградена околу [[632]] година.

== Телескопи ==
[[Податотека:USA.NM.VeryLargeArray.02.jpg|мини|десно|300п|'''Радиотелескоп во Ново Мексико''']]
Ред 39:
Цивилизацијата на античките Грци се развивала од околу 1400 до 300 година п.н.е. Ним им се припишуваат значјни теоретски придонеси за астрономијата. Во самата “Одисеја” на големиот Хомер се споменуваат ѕвездени групи како Големата Мечка, Орион и Плеадите, при што е опишана функцијата на ѕвездите како водич во навигацијата на луѓето. Во една од своите поеми познатиот грчки поет Хесиод ги информира фармерите за тоа кое оѕвездие изгрева пред мугри во различни годишни времиња назначувајќи го најпогодното време орање, садење и жнеење.
Важни научни придонеси се поврзуваат со Талес од Милет и Питагора од Сабос, но никакви пишани дела не се сочуавни од овие грчки философи. Постои легенда, чие потеко буди сомнежи, дека Талес точно го предвидел затемнувањето на Сонцето во мај 585 година п.н.е. Околу 450 година п.н.е. Филолас, еден од следбениците на Питагора, верувал дека Земјата, Сонцето, Месечината и планетите се движат околу централен оган. Околу 370 година п.н.е. астрономот Евдокс ги објаснил набљудуваните движења врз претпоставката дека огромна сфера, која ги носи на својата вдлабната страна ѕвездите, се движи околу Земјата со дневна ротација. Додека, пак, за објаснување на движењата на Сонцето, Месечината и планетите, сметал дека внатре во сферата постојат други провидни сфери меѓусебно поврзани на ралични начини.

Најверојатно најоригиналниот антички набљудувач на небото бил Аристарх од Самос. Тој верувал дека движењата на небото можат да се објаснат со хипотезата дека Земјата се свртува околу својата оска еднаш на 24 часа и заедно со другите планети се врти околу Сонцето. Ова објаснување било отфрлено од многу грчки философи кои ја сметале големата, тешка Земја за статична топка околу која кружи светлината како безмасивно тело. Оваа, пак, тeорија, која е позната како геоцентричен систем, останува виртуелно непредизвикана околу 2000 години. Аристарх, исто така, го измерил и радиусот на растојанијата од Земјата до Сонцето и до Месечината.

Математичарот, астрономот и географот Ератостен (доле) (276 - 194), кој пред сè бил голем философ и логичар, стигнал дотаму што успеал со голема точност да го одреди радиусот на Земјата.
Приказната за ова негово откритие е широко позната за која пишува и Карл Саган во својата книга “Космос”. Накусо, Ератостен прочитал во некоја папирусна книга дека во Сиена, на пладне, на 21 јуни, стаповите што вертикално се забодени во Земјата не фрлаат никаква сенка. Во денот на летната долгодневница, во најдолгиот ден од годината, додека часовите изминуваат кон пладне, сенките од столбовите на храмовите стануваат сè покуси. На пладне исчезнуваат наполно. Тогаш одразот на Сон цето може да се види и во водата на дното од најблискиот бунар. Сонцето се наоѓа точно над главата.
Љубоптноста го натерала Ератостен да превземе експеримент - всушност да провери дали вертикално забодените стапови остануваат без сенки и во Александрија на 21 јуни. Но се покажало дека сенки сепак имало. Ератостен се запрашал зошто стапот, забоден вертикално во Сиена, не фрла никакава сенка додека, во истиот тој миг, вертикално забодениот стап во Александрија, далеку на север, има значителна сенка. Единствениот можен одговор бил - површината на Земјата да биде закривена. И тоа: колку што е поголема таа закривеност толку е поголема и разликата во должината на сенките. Сонцето се наоѓа толку далеку што неговите зраци се паралелни кога ќе пристигнат до Земјата. Стаповите што се забодени под различни агли во однос на правецот на доаѓањето на сончевите зраци фрлаат сенка со различна должина. Со оглед на забележаната разлика во должината на сенките, оддалеченоста меѓу Александрија и Сиена морала да изнесува околу седум степени по површината на Земјата; со други зборови, ако замислиме дека стаповите се протегаат сè до центарот на Земјата, тие тука би се сечеле под агол од седум степени.

Седум степени се приближно педесетти дел од триста и шеесетте степени колку што изнесува вкупниот обем на Земјата. Ератостен знаел дека растојанието меѓу Александрија и Сиена е приближно осумстотини километри затоа што ангажирал еден човек да пропешачи и измери. Осумстотини километри по педесет изнесува четириесет илјади километри: значи толкав мора да биде обемот на Земјата. Тоа и е точниот одговор.

Во астрономијата, големиот грчки философ, [[Аристотел]] ја застапувал претпоставкта за конечна сферична вселена со Земјата како најзин центар. Според него, централниот регион е составен од четири елементи: земја, воздух, оган и вода. Во Аристотеловата физика, секој од овие четири елементи има свое одредено место, детерминирано од својата релативна тежина односно “[[специфична тежа]]” (според својата тежина, од полесното кон потешкото, Аристотел ги подредил елементити по овој редослед: оган, воздух, вода, земја). Секој елеманет по природа се движи по права линија - земјата надолу, оганот нагоре - кон своето одредено место каде што ќе остане да мирува. Според тоа, Земјиното движење е секогаш линеарни и секогаш доаѓа до запирање. Небото, меѓутоа, се движи природно и бескрајно со комплексно кружно движење. Затоа небото би морало да биде составено одпетти, различен елемент, кој го нарекол етер. Етерот како супериорен елемент е неспособен за било каква промена освен промена на местото при кружното движење. Аристотеловата теорија дека линеарното движење секогаш се одвива низ отпорна средина е всушност валидна за сите земјини движења кои можат да се набљудуваат. Аристотел, исто така, сметал дека потешките тела од некој материјал паѓаат побрзо од полесните со ист облик. Ова погрешно гледиште било прифатено како факт сè додека италијанскиот физичар и астроном Галилео Галилиеј не го спроведе својот експеримент со пуштањето на различните тежините од Кривата Кула во Пиза.

Ред 62:
[[Ел-Бируни]] (973-1050) бил арапски научник кој пишувал на мноштво различни научни теми. Неговите најважни придонеси како научник биле неговите високо перцептивни набљудувања на природните феномени. Меѓу неговите најголеми дела се наоѓа и “Канон” што претставува негова најсеопфатна студија за астрономијата. Ел-Бируни принел докази дека Земјата е округла и развил нов метод за мерење на нејзината површината. Наоѓајќи ги разликите помеѓу аглите на Земјините испакнатини, тој извршил пресметка на дијаметарот на Земјата врз основа на различниот видик што се наоѓа пред него.

'''Теоријата на Коперник'''[[Податотека:Galileo.arp.300pix.jpg|thumb|250px|right| Портрет на Галилео Галилеј ]]Полскиот астроном [[Никола Коперник]] извршил револуција во науката со тоа што го поставува постулатот дека Земјата и другите тела кружат околу стационарно Сонце. Со тоа тој му се спротивставил на дотогаш многу популарниот геоцентричен систем на [[Птоломеј]]. Коперник најпрвин се двоумел околу издавањето на неговото откритие, бидејќи се плашел од критицизмот на научните и религиозните заедници. Иако на почетокот претрпел отфрлање и недоверба, Копернковиот систем е рангиран за најприфатен концепт за вселената до крајот на XVII век. Всушност системот на Коперник привлекувал многу малку внимание сè додека италијанскиот астроном [[Галилео Галилеј]] (слика десно) не изнашол докази за негово поткрепување. Како таен обожавател на Коперниковиот труд, Галилео ја увидел шансата да ја Испроба Коперниковата теорија со пронаоѓањето на телескопот во Холандија.
Во 1609 година Галилео направил мал рефракторен телескоп, го насочил кон небото и ги открил фазите на Венера, што било индикација дека оваа планета кружи околу Сонцето: исто така открил четири месечини кои кружеле околу Јупитер, а ги забележал и прстените на Сатурн. Убеден во тоа дека, барем, некои тела не кружат околу Земјата, тој започнал да зборува и пишува подржувајќи го Коперниковиот систем. Неговите обиди да го публицира Коперниковиот систем го довеле до судири со црковните власти. Иако бил принудуван да се откаже од неговите верувања и писанија, оваа моќна теорија не можела да остане потисната.

== Законите на Кеплер и теоријата на Њутн ==
Копрниковата теорија била само еден вид преуредување на планетарните орбити на Птоломеј. Теоријата на античките Грци за движењето на планетитепо кружници со фиксни брзини претставува, всушност, продолжение на Коперниковиот систем. Од 1580 до 1597 година данскиот астроном Тихо Брахеги набљудувал Сонцето, Месечината и планетите од опсерваторијата близу Копенхаген, а подоцна продолжил и во Германија. Врз основа на податоците собрани од Брахе, неговиот германски асистент, Јохан Кеплер (десно), ги формулирал законите за планетарните движења, притоа давајќи точен математички опис на планетарните орбите. Со тоа тој го изнаесол заклучокот дека планетите се движат околу Сонцето не по кружни орбити со униформирано движење, туку по елиптични орбити при различни брзини и дека нивните релативни растојанија од Сонцето можат да се одредат од набљудуваните периоди на нивната револуција.

Иако во Италија храбриста на Галилео да навести постоење на други светови и храброста на Џордано Бруно да се впушти во размислување за други облици на живот им донела многу страдања, во Холандија астрономот [[Кристијан Хејгенс]], кој отворено ги застапувал идеите на Галилеј и на Бруно, бил опсипуван со почести. Хејгенс (1629-1695) конструирал повеќе дурбини како и часовник со секундарно клатно. Тој ја открил тајната на Сатурновиот прстен, а малку подоцна го извел и законот за центрифугална сила. Во времето на Хејгенс светлината претставувала предмет на научно истражување. Додека Снелиус ја испитувал рефракцијата, а Левнух го измислил микроскопот, самиот Хејгенс ја поставил теоријата за брановата природа на светлината. Тој тврдел дека поведението на природата на светлината е како ширење на бранови низ вакуум, слично на движењето на брановите во морето. Многу особини на светлината, вклучувајќи ја тука и дифракцијата, можат природно да се објаснат со брановата теорија, така што идејата на Хејгенс доминирала во годините потоа.
Британскиот физичар Сер Исак Њутн (лево) (1643-1727) се восхитувал од Хејгенс. Тој верувал дека светлината се однесува така како да претставува струја од ситни честички, делумно и поради тоа што сенките се одликуваат со остри рабови. Сметал дека црвената светлина се состои од најголеми честички, а виолетовата од најмали. Тој усовршил едноставен принцип за да ги објасни Кеплеровите закони за планетарните движења. Преку математичко резонирање, тој дошол до заклучокот дека постои одредена привлечна сила помеѓу Сонцето и секоја од планетите. Оваа сила, која зависи од масите на Сонцето и планетите како и од растојанијата меѓу нив, претставува основа за физичко интерпретирање на Кеплеровите закони. Њутновото математичко откритие е наречено Теорија на гравитација.

Ред 101:
И покрај неговата неверојатна големина, Млечниот Пат е само еден од бројните големи ѕвездени системи, наречени галаксии, кои ја населуват познатата вселена. Во 1924 година студиите спроведени од американскиот астроном Едвин Хабл го дадоа одговорот за природата на спиралните облаци, укажувајќи на нив како на посебни галаксии, слични на Млечниот Пат; други, пак, галаксии се сфероидни, без спирални продолжетоци; а има и такви со неправилни форми. Со помош на еден од најголемите оптички телескопи на светот кој се наоѓа во опсерваторијата Мауна Кеа, Хаваи, откриени се галаксии оддалечни повеќе од 10 милијарди светлосни години од Земјата.

Спектралните анализи на светлината која доаѓа од надворешните галаксии покажува дека ѕвездите од кои се составени овие системи се изградени од оние хемиски елементи кои се познати и на Земјата. Тие, исто така, укажуваат на тоа дека сите галаксии се оддалечуваат од Млечниот Пат. Колку е подалечна една галаксија толку побрза е нејзината рецесија. Ова е земено како доказ дека вселената се шири и дека потекнува од експлозијата на неверојатно жешка и густа состојба на материја. Можните состојби кои можеби ја иницирале експлозијата се опфатени во космолошката теорија од раните 1980-ти, позната како инфлататорна теорија. Оттогаш радијацијата од големиот прасок станува сè поладна; нејзината моментална температура изнесува околу 3 К над апсолутната нула (околу -273,16º С односно -454º F). При оваа температура, радијацијата која доаѓа од сите насоки била откриена во 1965 од страна на американскиот физичар Арно Пензијас и Роберт В. Вилсон што претставува моментно најдобриот индикатор на раната историја на вселената (позадинаска радијација). Во прилог на теоријата за големиот прасок е и Ајнштајновата теорија на релативност.

Квазарите, кои биле откриени во 1950-тите со помош на радио телескопи, за многу астрономи претставуваат енергетски јадра на многу оддалечени галаксии. Од досега непознати причини, тие ја маскираат светлината од нивните базични галаксии. Тие често се појавуваат во крајно оддалечени групации на галаксии. Спектралните линии на квазарите покажуваат многу големи поместувања кон црвено redshift што укажува на тоа дека овие објекти се оддалечуваат од нашата галаксија со 80% од брзината на светлината. Нивната наводна огромна брзина исто така значи дека тие спаѓаат меѓу најдалечните космолошки објекти. Во 1991 беше откриен квазар оддалечен 12 милијарди светлосни години со помош на рефлекторот во [[Паломарска опсерваторија|Паломарската опсерваторијаопсерваторијар]]р.

== Основни закони ==
=== Закони за движење на небесните тела ===
Ред 124:
* http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1
* [[Мала Мечка]]
* „Математичка Географија. Универзитетски учебник, Скопје, 2007
* http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2
* {{цитирана книга | author=Bergmann, Peter G. | title=Запознавање со теоријата на релативност | publisher=Dover Publications | year=1976 | id=ISBN 0-486-63282-2}}
* {{цитирана книга| first=George |last=Forbes|title=History of Astronomy|publisher=Plain Label Books|location=London| year=1909|ISBN=1603031596}} Available at [http://www.gutenberg.org/etext/8172 Project Gutenberg],[http://books.google.com/books?id=hcLXcpUDqPgC&printsec=frontcover Google books]
* {{цитирана книга
|last1 = Harpaz
Ред 137:
|url = http://books.google.com/books?id=kd4VEZv8oo0C&dq
|publisher = A K Peters, Ltd}}
* Ruggles, C.L.N. (2005), Ancient Astronomy, pages 354-355. ABC-Clio.
* Krupp, E.C. (1988). "Light in the Temples", in C.L.N. Ruggles: Records in Stone: Papers in Memory of Alexander Thom.
* Henry Smith Williams, The Great Astronomers (New York: Simon and Schuster, 1930), pp. 99-102 describes "the record of astronomical progress" from the Council of Nicea (325 AD) to the time of Copernicus (1543 AD) on four blank pages.
* Stephen C. McCluskey, Astronomies and Cultures in Early Medieval Europe, (Cambridge: Cambridge University Press, 1999)

== Надворешни врски ==
* [http://www.astronomija.com.mk/ Астрономија] - Портал на [[Скопско астрономско друштво|Скопското астрономско друштво]] со богати содржини {{mk}}
* [http://mkc.mk/?category_name=planetarium Скопски планетариум] - [[МКЦ]] {{mk}}
Ред 151:

{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Астрономија| ]]
[[Категорија:Астрофизика]]