Слатино (Охридско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 79.141.127.115) и вратена ревизијата 2930334 на Addbot
сНема опис на уредувањето
Ред 31:
Откако го завршил училиштето кај Миладинов продолжува да се школува во јанинската гимназија каде добро го совладал грчкиот јазик. Потоа ја завршува духовната семинарија во Русија и во Слатино го формира првото училиште на народен јазик. После 4 години се запопил. Тој имал удел во преведувањето на триптихот што денеска се чува во “Свети Наум” во Охрид. Основач е на првата револуционерна ќелија во западна Македонија позната во историјата како Слатинска компанија. Таа ќе биде една од првите искри и предвесник на претстојните борби и револуционерни настани во Македонија. Таа негова духовна и патриотска активност предизвикува љубомора кај слатинските попови кои бараат начин да му ја одземат парохијата. Убиен е во 1875 година и во извештајот на рускиот конзул од Битола и во пишувањето на рускиот славист Селишчев убиството е напишано како злосторство.
 
Неговиот син поп Ѓорѓија бил познат македонски комита, војвода и револуционер, учесник во Илинденското востание и во Првата Балканска војна за ослободување и осамостојување на Македонија, како личен пријател и соборец на Никола Карев, Дамјан Груев, Христо Узунов, Петар Чаулев, Јордан Пиперката и истомисленик на Гоце Делчев со кого имал средба во Битола и на многу други револуционери, комити и војводи. Османлиските власти го осудувале 12 пати на затворски казни од кои 3 пати по 101 година. Првиот пат е осуден на 101 година затвор кога на 4 април 1903 година биле сардисани сите села во Дебрца по буната во Арбиново и биле собрани 218 селани меѓу кои и 18 Слатинци. Биле осудени во Битола а потоа префрлени со сточни вагони во Солун. Ги натовариле на еден параброд[[пароброд]] за Дијар Беќир. Благодарение на охридските првенци и битолските чорбаџии, со поткуп поп Ѓорѓија е симнат од бродот и вратен назад. Од Дијар Беќир со амнестија од 1908 година 10 Слатинци се вратиле дома, а девет засекогаш ги оставиле коските во пустините на Мала Азија.
 
Жената на поп Ѓорѓија, баба Дола, поради својата храброст и учество во Илинденското востание комитите и даваат име Рајна. Таа го има извезено знамето на црвена основа со жолти реси а како амблем е библијата со пиштолот и камата. По тој повод е испеана песната: - “Се налути турскиот паша од Панаѓуриште, да ја фатите и жива да ја донесете Рајна поп Ѓеоргиева”. Кога ја фатиле таа им се обратила: - Сакате колете ме, сакате бесете ме, јас го везев знамето и го ставив знакот смрт или слобода за Македонија.” На 13 октомври 1913 година поп Ѓорѓија бил стрелан пред својот народ во Слатино од српската окупаторска власт бидејќи не сакал да ја потпише изјавата дека се чувствува Србин.