Шагринска кожа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:BalzacMagicSkin01.jpg|мини|десно|220п|Илустрација на „Шагринска кожа“ од 1897, нацртана од Адриен Моро, а издадена од George Barrie & Son]]
'''Шагринска кожа''' ({{lang-fr|La Peau de chagrin}}) — [[роман]] од [[Франција|францускиот]] романописец и драматург, [[Оноре де Балзак]] (1799–1850), издаден во [[1831 во книжевноста|1831]] година. Дејството, сместено во почетокот на XIX век во [[Париз]], ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче [[шагрен]] со моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. „Шагринска кожа“ припаѓа на „Философски студии“ - група од Балзаковата [[романорека]], „[[Човечка комедија]]“.
 
Пред да биде завршена книгата, Балзак привлекол внимание, така што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „философски сказни“, било издадено еден месец подоцна.