Геополитика: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 13:
==Толкувања и дефиниции==
[[File:Хартленд и Римленд.jpg|thumb|300px|десно|Картата на светот врз основа на основите геополитички концепти за „хартленд“ (јадро-стожер) и „римленд“ (обрач)]]
Под поимот геополитика во американската литература се подразбира општествена научна дисциплина, која се занимава со проучување на ефективноста на етничките, демографските и економските аспекти врз политиката на државата<ref name="Милески" />. Според бугарскиот професор Карастојанов, геополитиката претставува додаток на природните, економските, социјалните и демографските особености на државата во креирањето на нејзината политика<ref name="Милески" />. Според „Социолошкиот терминолошки речник“ на [[МАНУ]], геополитиката се дефинира како научна дисциплина која истакнува дека земјата на која живее еден народ или на која е организирана државата има пресудна улога во организирањето на политичкиот облик на општеството и водењето на државната политика<ref>{{наведена
Од сите овие изнесени дефиниции и толкувања, произлегува сфаќањето дека главната задача и идеа на геополитиката е изочување на политичките феномени во контекст на географскиот простор со цел подобро да се разберат случувањата во светот, но и кои се оние важни места кои треба да се контролираат и поседуваат за да се владее со одреден простор или со светот во целост. Задачите и полето на истражување на геополитиката се најдобро дефинирани со мислата на германскиот геополитички мислитер и генерал, Карл Хаусхофер, кој сметал дека геополитиката е прагматична наука која на основа на географските согледувања треба да даде прецизни предвидувања за политичко дејствување и акција<ref name="Хаусхофер">{{наведена книга|last=Haushofer|first=Karl|title=Grenzen in ihrer Geographicen und Politischen Bedeutung|year=1927|publisher=Kurt Vowinckel Verlag|location=Берлин|language=германски}}</ref>. Во тој поглед доста е раширено сфаќањето за геополитиката како метод во рамки на реалистичка школа на меѓународните односи. Имајќи предвид дека врз основа на геополитичките теории и сознанија, државите во светот, а посебно поголемите и помоќните држави (т.н. „големи сили“), градат стратегии за успешно остварување на своите национални интереси, геополитиката најчесто се гледа како доктрина за надворешната политика на државите. Многу често се смета дека геополитиката е инструмент на освојувачките, експанзивни и империјалистички политики и желби на големите држави, меѓутоа во современи услови геополитиката е значајна за опстанокот и остварувањето на националните интереси на сите држави во светот без разлика на нивната големина и моќ, а со процесот на глобализација геополитиката добива и сосема нови размери (т.н. „негеополитика“) кои се однесуваат не само на државите, туку и на недржавните актери и единки како народи, племиња, општествени движења, религии, цивилизации, сепаратистички движења, терористички групи и криминални мрежи и организации.
|