Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 18:
На основа на главните теоретски стојалишта и сфаќања за владеачките сили кои овозможуваат владеење и доминација во просторот и светот, се развиени неколку основни концепти кои укажуваат кои места, предели и простори во светот се значајни и неопходни за посед и контрола. Првобитните основни концепти укажувале на важноста на тие простори од геостратешки аспект и интерес на големите империјални сили, додека со подоцнежниот развиток на геополитиката како научна дисциплина се развиени дополнителни концептуализации кои помагаат во изучувањето и објаснувањето на регионите и простраства со нивните одлики, значења и можности.
 
===Телурократија - силиправласт на копното===
Врз основа на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на копното е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''телурократија'' '''. Името телурократија потекнува од [[Латински јазик|латинскиот]] збор ''telus'' со значење на ''копно'' или ''земја'' [[Грчки јазик|грчкиот]] збор ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на копното'' или цивилзација заснована на копнената моќ. Самиот правец на геополитичко мислење се заснова на човековиот начин на живот на копното и неговата важност за човековиот опстанок. Низ вековите па сѐ до денес се задржало извонредното стратешко значење на поседот на територија кое ги подразбира можностите за (земјоделско) производство на храна при што обезбедувањето на храна значело и независност, а од [[Индустриска револуција|Индустриската револуција]] во XVIII век па до денес значењето и важност на копнените поседи се зголемило и со можноста за искористување на природните суровини и ресурси како рудите, нафата, природниот гас. Во два наврати силите на копното го доминирале светот, а тоа се: ''ерата на коњичко јавачка подвижност'' кога познатото [[Монголско царство]] на чело со [[Џингис Хан]] го завладеало најголемиот дел од евроазиското копно, а потоа ''ерата на трансконтиненталните железници'' кога [[Руска империја|Руската империја]] ја завладеала [[Евроазија]]. Токму појавата и изградбата на трансконтиненталните железници и можноста преку нив за брзо време да се пренесат голем број на војници, воена опрема т.е. војска и суровини и непосредната опасност кон [[Британија|британските]] колонијални поседи во [[Индија]] и [[Блискиот Исток]] од руската транссибирска и предложената германска железница [[Берлин]] - [[Багдад]] влијаеле за официјалната појава на геополитиката како дисциплина преку концептот за Хартлед на Џон Халфорд Макиндер. Најпознати телурократски големи сили односно империи базирани на копнената моќ и поседи во минатото и денес се: [[Русија]], [[Германија]], [[Кина]].
[[File:Панрегионална доктрина-Хаусхофер.jpg|thumb|300px|лево|Поделба на светот според Доктрината на Пан-Региони на Карл Хаусхофер]]
Ред 31:
Следната измена на концептот била направена во 1943 година, кога покрај повторна промена на границите (исфрлување на средишните и источните делови на Сибир – т.н. Леналенд) била главно насочена кон промена на теоретското значење на самиот концепт. Имено, во оваа ревизија Макиндер го променил суштинското значење на концепцијата на Хартленд од арена на подвижност (област на мобилност на копнените сили) во средиште („тврдина“) на моќ заснована луѓе, ресурси, суровини, внатрешни сообраќајни-комуникациски линии и јадро на индустриската инфраструктура<ref name="Cohen" />. Поради ваквата промена на значењето на концептот настанало распространување на употребата на поимот Хартленд за повеќе различни делови во светот, што придонело до тоа термниот да се дефинира повеќе од аспект на тоа што е отколку каде се наоѓа <ref name="Jones">{{наведено списание|last=Jones|first=Stephen|year=1955|title=Global Strategic Views|journal=Geographical Review|publisher=American Geographical Society|volume=4|issue=45|pages=492–508|doi=10.2307/211614|url=http://www.jstor.org/stable/211614|language=англиски}}</ref>. Ова всушност значи дека употребата на концептот Хартленд во двете значења, како јадро на копнените сили во смисла на област каде што подвижноста е олеснета и место од каде што може лесно и едноставно да бидат нападнати сите останати поврзани места или како јадро на моќта засновано на човечките, природните и индустриските ресурси во комбинација со поволната географска положба и услови, каде што и во двата случаи контролата на овие подрачја овозможува изгледи за доминација – може да биде применета насекаде во светот како на глобално така и на регионално ниво<ref name="Шаревски" />. Несомнено, ова е најзначајниот геополитички концепт кој всушност претставува и основа на геополитиката сам по себе со што воедно се одржува со својата релевантност сѐ до денешни дни.
 
===Таласократија - силипревласт на морето===
Истоврмено во поглед на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на морето е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''таласократија'' '''. Името таласократија потекнува од [[Грчки јазик|грчките]] зборови ''thalassa'' со значење на ''море'' и ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на морето'' или цивилзација заснована на поморската моќ. Овој правец и концепција на геополитичко размислување се развило на основа на начинот на живот на морските крајбрежја каде што жителите - рибари, а потоа и морепловци и морнари, ја користеле предноста и поволноста да пловат преку водните пространства на големи далечини каде што имале можност да одземат ресурси со сила или пак да продаваат и купуваат производи на тој начин развивајќи ја трговијата и воедно во случаи на неуспех преку повлекување да ја избегнат опасноста од целосно уништување. На овој начин бил развиен концептот на ''проекција на моќ'' кој разбран како можност и способност на државите да војуваат, тргуваат и одржуваат власт преку огромни водни пространства и одалечени краишта во светот, бил од клучно значење во времето на т.н. Колумбовска или ''ера на морепловството'' (XV-XIX в.) кога биле откриени новите континенти и воспоставени колонијалните поседи на империите на [[Португалија]], [[Шпанија]], [[Велика Британија]], [[Холандија]], а потоа во ХХ век повторно се актуелизирала неговата извонредна стратешка важност со развојот на воздухопловството и вселенските летови. Најпознати таласократски големи сили односно империи базирани на поморската моќ и поседи во минатото и денес се: [[Велика Британија]], [[САД]], како и своевремено колонијалните империи на [[Шпанија]], [[Португалија]], [[Холандија]], [[Франција]] (со исклучок на времето на [[Наполеон Бонапарт]]).
[[File:Alfred Thayer Mahan.jpeg|thumb|150px|лево|Алфред Тајер Махан, идеен творец на доктрината за [[САД]] како светска сила заснована на поморската моќ]]