Грињарова реакција: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Грињарова реакција''', или Грињарова синтеза, е спојна реакција во органска хем...
(нема разлика)

Преработка од 19:49, 4 јануари 2015

Грињарова реакција, или Грињарова синтеза, е спојна реакција во органската хемија во која доколку органомагнезиумовхалоген се спои со вода се добива алкан, доколку се спои со јаглерод диоксид се добива карбоксилна киселина, а доколку се спои со карбонилни соедининија (алдехид, кетон) се добива алкохол.

Реакции со Грињаров реагенс

Реакција меѓу Грињаров реагенс и вода

Грињаровите реагенси претставуваат алкил магнезиумови халогениди (RMgX). Во контакт со вода тие хидролизираат, а продукт на ваквите реакции се алкан и магнезиум хидроксид халогенид.

 
Reaction between Grignard reagent and water

Реакција меѓу Грињаров реагенс и јаглерод диоксид

Реакцијата меѓу Грињаров реагнес и јаглерод диоксид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон јаглердниот диоксид, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот продукт во присуство на разводнета киселина.

 
Reaction between Grignard reagent and carbon dioxide
 
Reaction between the product of Grignard reagent and carbon dioxide with water

Реакција меѓу Грињаров реагенс и кетон

Реакцијата меѓу Грињаров реагенс и кетон се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот продукт во присуство на разводнета киселина.

 
Reaction between Grignard reagent and butanone
 
Reaction between the product of Grignard reagent and butanone with water

Реакција меѓу Грињаров реагенс и алдехид

Реакцијата меѓу Грињаров реагенс и алдехид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагнс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот продукт во присуство на разводнета киселина.

 
Reaction between Grignard reagent and propanal
 
Reaction between the product of Grignard reagent and propanal with water