Свети Наум Охридски Чудотворец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
'''Свети Наум Охридски Чудотворец''' (са. [[830]] - [[23 декември]] [[910]]), бил [[Среден век|средновековен]] научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и [[Македонска книжевност|македонската писменост]] и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на [[IX век]].
 
[[Податотека:Св Наум.JPG|мини|лево|Манастирот „Св. Наум Охридски“ на брегот на [[Охридското Езеро]]]]
Наум беше еден од основачите на [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]] и од [[886]] до [[893]] беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]] и како таков, кога во [[893]] година неговиот брат [[Свети Климент Охридски|Климент]] беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во [[Кутмичевица]] беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]], Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на [[Охрид]]. Познато е дека се занимавал со [[Литература|литературна дејност]], но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.