Прв вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
 
== Присутни ==
[[Податотека:THE FIRST COUNCIL OF NICEA.jpg|мини|десно|Православна икона на која е прикажан Првиот вселенски собор во Никеја]]
 
[[Константин I]] ги поканил сите 1800 [[епископ]]и на христијанската црква, но на овој Собор учевствувале само помеѓу 250 и 320. Во врска со тоа кој присуствувал, постојат повеќе извори и оттука, повеќе тврдења. Според [[Евсевиј Кесариски]], нивниот број бил 250, според [[Свети Атанасиј]] 318, додека пак според [[Свети Евстасиј Антиохиски]] 270 епископи. Во подоцнежните дела, Схоластичарот Сократ евидентирал повеќе од 300, додека Евагриј, Хилариј, Еремија и Руфиниј запишале дека биле присутни 318 епископи.
За секој епископ постоел платен превоз од и кон неговото епископско море. Исто така, и сместувањето било платено од страна на императорот. Тие не патувале сами, туку секој од нив имал дозвола со себе да понесе два презвитера и три ѓакони. Одовде, целосниот број на учесници на овој Собор би бил приближно 1500 души. Овој Собор бил посебен и поради скорешното официјализирање на [[христијанство]]то како рамноправна вера во империјата со издавањето на [[Милански едикт|Миланскиот едикт]] од [[февруари]] [[313]] година.