Македонски Албанци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
== Население ==
Според официјалните податоци од југословенските пописи, кои се одржувале на секои 10 години, Албанците сочинувале 19% од вкупното население на Македонија во [[1953]] година. Населението паднало на 13% во [[1961]] година. Во 1971 има повторен раст на 17%. Тие сочинувале 19,7% во [[1981]] година и 21% во [[1991]]<ref name="Ortakovski">Vladimir Ortakovski (2001): Interethnic relations and minorities in the Republic of Macedonia, Sts. Cyril and Methodius University, Skopje</ref>. На последниот попис во 2002 година, албанското население изнесувало 18.9% од вкупното населние на Македонија.
 
 
:''Бројот на Албанците во Македонија''
Ред 219 ⟶ 218:
„Жителите на селата Острени, Трново, Клене, Летен, [[Џепиште]], [[Хербели|'Рбеле]], Обоки, [[Макеларе|Макелари]] и др. претпочитаат да се кажуваат за Арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за Арнаути... Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на XIX. век ''бугарски'', до пред 30 години биле половина бугарски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 бугарски куќи. Арнаутите доаѓаат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле. Бугарите исчезнале во почетокот на XIX век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото [[Греждањ|Граждани]] до скоро било бугарско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 бугарски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Бугари имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Баланци и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија [[Божји Град]] во долината на реката [[Црн Дрим|Дрим]], кон крајот на 18 век. Само во [[Рекански регион|Река]] Арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на Торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните бугарски села се големи.“
</blockquote>
 
 
=== Населување на Албанците во Гора (Горица), област Мокра- Поградец и Струга ===
 
До [[19 век]], македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора ([[Горица (Албанија)|Горица]]) и Мокренската област населението било македонско православно и биле поданици на [[Охридската Архиепископија]]. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од [[1761]] година се наоѓа Епископијата горо-мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким.<ref>''Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569''</ref>.
 
Ред 269 ⟶ 266:
 
== Познати македонски Албанци ==
 
:''За повеќе видни личности видете го [[:Категорија:Македонски Албанци|списокот на македонски Албанци]].''