Хашимотов тироидитис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+инфокутија, +интервики
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
}}
'''Хашимотов тириоидитис''' или '''хроничен лимфоцитен тироидитис''' е [[автоимуно заболување]] во кое [[штитна жлезда|штитната жлезда]] е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси. Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување.<ref>{{cite book |last=Nakazawa |first=Donna |title=The Autoimmune Epidemic |year=2008 |location=New York |publisher=Simon & Schuster |pages=32–35 |isbn=9780743277754 }}</ref> Првпат било опишано од страна на [[Јапонија|јапонскиот]] специјалист [[Хашимото Хакару]] во [[Германија]] во 1912 година.
 
 
 
==Знаци и симптоми==
Хашимотовиот тироидитис многу често резултира со [[хипотироидизам]] со периоди на [[хипертироидизам]].
 
Некои од симптомите се: [[микседематозна психоза]], добивање во тежина, [[депресија]], [[манија]], чувствителност на топлина и студ, [[парестезија|парестезии]], замор, напади на паника, [[брадикардија]], [[тахикардија]], повишено ниво на холестерол, [[реактивна хипогликемија]], [[констипација]], мигрени, мускулна слабост, грчеви, губитоок на меморија, неплодност и губиток на коса.
 
Штитната жлезда може да стане цврста, зголемена и лобулирана, но промените може да бидат и непалпабилни.
<ref>[http://books.google.se/books?id=yvZ9965dqxAC&pg=PA56 Page 56] in: {{cite book |author=Staecker, Hinrich; Thomas R. Van De Water; Van de Water, Thomas R. |title=Otolaryngology: basic science and clinical review |publisher=Thieme |location=Stuttgart |year=2006 |pages= |isbn=0-86577-901-5 |oclc= |doi= |accessdate=}}</ref>
 
Зголемувањето на жлездата повеќе се должи на [[лимфоцит|лимфоцитната инфилтрација]] и фиброзата отколку на ткивната [[хипертрофија]].
 
Физиолошки, антителата насочени против тироидната пероксидаза и/или [[тироглобулин|тироглобулинот]] предизвикуваат постепено уништување на тироидните фоликули. Така, болеста може да се открие преку откривање на овие антитела во крвта. Болеста се карактеризира и со инвазија на ткивото на тироидната жлезда со [[леукоцити]], главно [[Т-клетки|Т-лимфоцити]] и е во врска со [[Не-Хочкинов лимфом]].
Во подоцните стадиуми на болеста, пациентот може да има изглед на „лавовска маска“. Ова се опишува како длабоки брчки на лицето во делот околу усата и брадата и џебови на олабавено месо под и околу очите; изглед кој наликува на лав.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
 
[[Категорија:Автоимуни болести]]