Европска економска заедница: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: et:Euroopa Majandusühendus
дополнување, ситна поправка
Ред 1:
'''Европска Економска Заедница (ЕЕЗ)''' е европска економска организација што ја сочинувале 6 земји од [[Западна Европа]] — [[Франција]], [[Западна Германија]], [[Италија]], [[Белгија]], [[Холандија]] и [[Луксембург]]. Настанала во 1957 год. кога овие шест земји ги ратификувале [[Договорот од Рим|Римските договори]]<ref>[http://www.ena.lu/ Historical events: The establishment of the EEC and Euratom], European NAvigator (ENA)</ref>, а престанала да постои во 1967 год. кога се обединила со [[Европска заедница за јаглен и челик|Европската заедница за јаглен и челик]] и [[Европска заедница за атомска енергија|Европската заедница за атомска енергија]], што претставувало почеток на Европската заедница.
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
 
Основни цели на оваа организација биле изградбата на заеднички [[пазар]] врз основа на [[царина|царинска]] унија, односно решавање на сите економски препреки, координирање на стопанската политика и подигање на [[животен стандард|животниот стандард]] во рамките на Заедницата.
 
== Историја ==
{{вики}}
Откако во 1954 година пропаднаа амбициозните планови за една Европска одбранбена заедница - а со тоа и за една Европска политичка заедница - значи за една наднационална соработка во високополитичка и сензибилна област, се постави прашањето „што сега“? Во оваа ситуација, владите од земјите на Бенелукс приложија предлози за понатамошни чекори за интеграција, коишто беа сконцентрирани на економската област.
 
 
Кон средината на 1955 година, на една конференција во Месина, предлозите на земјите на Бенелукс беа многу позитивно примени од страна на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕЗЈЧ (Европската заедница за јаглен и челик). Беше поставена комисија од претставници на влади под претседателство на белгискиот министер за надворешни работи Пол-Хенри Спаак, којашто требаше да изработи извештај, а на преговорите ја покани и Велика Британија, но таа се повлече во ноември 1955 година, не гледајќи можности за реализација на нејзините претстави за слободна трговска зона.
Ред 15 ⟶ 18:
 
== Дефинирање на Заедничкиот Пазар ==
 
Многу од политиките на ЕУ на еден или друг начин се поврзани со развојот и одржувањето на еден ефективен единствен пазар. Значителни напори се вложени за создавање на хармонизирани стандарди - кои се создадени за да донесат економска корист преку создавање на поголеми и поефикасни пазари.
 
Ред 23 ⟶ 25:
 
== Внатрешна Политика ==
 
* Слободна трговија на стоки и услуги помеѓу државите членки (цел која е понатаму проширена врз трите од четирите држави членки на ЕФТА преку Европската економска област (ЕЕА).
Ред 41 ⟶ 42:
 
* Заедничка аграрна политика и Заедничка рибарска политика.
 
* Заеднички систем на индиректно оданочување, ДДВ, како и заеднички царини на разни производи.
 
Ред 46 ⟶ 48:
 
== Надворешна Политика ==
 
* Заедничка тарифа на надворешните царини и заедничка позиција во меѓународните трговски преговори.
 
Ред 53 ⟶ 54:
== Значење на пазарот за земјите членки и нивната економија ==
[[Податотека:Evra.jpg|right|thumb|210px|Евро монети]]
 
ЕУ претставува втора најголема економска заедница во светот, веднаш по САД, со 12.329.110 Бруто општествен производ|БОП во 2005. Крајната политичка цел на зедничкиот пазар е создавање на нов глобален економски играч покрај Америка, Кина а во последно време повторно и Русија. Во евро-жаргонот, често овие челни компании кои најмногу профитираат од заедничкиот пазар се нарекуваат „европските шампиони“.Од логиката на либерализација во рамките на Унијата може да се извлече реториката која ги велича доблестите на „европските шампиони“ -- фирми кои оперираат преку европските граници и можат да бидат клучни глобални конкуренти. Според едно размислување во Брисел, таканаречените европски шампиони треба да ја поткрепат амбицијата на ЕУ да стане главен економски играч во светската економија -- најважната мисија изнесена во Лисабонската агенда. Веќе неколку децении водечките земји-членки на ЕУ се обидуваа да ја достигнат маестралноста на американските и јапонските фирми, а понатамошниот развој на Унијата требаше да оди во овој правец. Во последнава деценија ова ривалство доби дополнителна димензија како резултат на економскиот пораст на Кина, Индија и другите азиски земји.
 
Меѓутоа, неодамнешните настани кои се случија во ЕУ не се вклопуваат во концептуалната рамка опишана погоре; наместо тоа, тие се судираат со логиката на единствен пазар. На пример, највлијателните земји во Унијата користат разни средства за го задржат приматот на домашниот капитал во банкарството, јавните услуги и другите сектори за кои се смета дека имаат нацонална стратешка важност.
 
== Инструменти на заедничкиот пазар ==
 
Како еден од најмоќните и највлијателни инструменти на Европската Унија која ќе гарантира развој и оддржливост на заедничкиот пазар е [[Европската Инвестициона Банка]]. Создавањето на ЕИБ беше дел од основачкиот договор на Европската економска заедница, [[Римскиот договор]] од 1957. ЕИБ мораше да се осигура дека растот нема да се концентрира околу областите што напредуваа додека назадните области (како италијанскиот Мецоџорно) да заостануваат. Некои држави-членки не беа спремни да ја создадат ЕИБ кога институција со слични задачи веќе постоеше: Светската банка. Сепак, политичкиот мотив да се основа институција покрај американски доминантната Светска банка, во опоравена Европа се покажа посилен. Досега ЕИБ е најголема од мултилатералните банки за развој, вредноста на одобрените заеми се зголеми од 35 милијарди евра во 1999 до 41 милијарда евра во 2000 година со тоа надминувајќи ја финансиската големина на Светската банка. Основна задача на ЕИБ е да придонесе во развојот на заедничкиот пазар на Европската унија. За таа цел, одобрува долгорочни заеми и гаранции. Дваесет проценти од заемите на ЕИБ ги сочинуваат т.н глобални заеми. Ова се заеми преку посредници, обично национални или локални банки, наменети за мали и средни претпријатија. Основна задача на ЕИБ е да придонесе во развојот на заедничкиот пазар на Европската унија. За таа цел, одобрува долгорочни заеми и гаранции. Дваесет проценти од заемите на ЕИБ ги сочинуваат т.н глобални заеми. Ова се заеми преку посредници, обично национални или локални банки, наменети за мали и средни претпријатија.
 
Ред 64:
* [http://www.ena.lu?lang=2&doc=18771 Текстот на договорот со кој се воспоставува Европската економска заедница]
* [http://www.europedia.moussis.eu Europedia: Guide to European policies and legislation]
 
==Наводи==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Историја на Европската Унија]]