Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Додадени се линкови
Ред 3:
{{вики}}
==Терминологија==
Со нелегалната имиграција се опишуваат луѓето кои без формална дозвола влегуваат во некоја земја. Постојат голем број гледишта за нелегалната имиграција кои зависат од политичка гледна точка :
 
*Странец со нелегален престој
Ред 28:
Неокласичната теорија исто така ја зема предвид веројатноста за успешна нелегална емиграција. Факторите кои влијаат на ова се географската близина, граничната полиција, веројатноста и последиците од апсењето, олеснување на нелегалното вработување и можности за легализација во иднина. Овој модел доаѓа до заклучок дека во земјата-дестинација нелегалните работници се стремат кон тоа да се вклучат и да се натпреваруваат со масата неквалификувани работници. Според овој модел нелегалните работници се успешни во наоѓањето работно место со тоа што се подготвени да добиваат пониски плати, понекогаш и под минималната плата ,отколку луѓето кои се родени во таа земја. Економистот Џорџ Борјас (George Borjas) ги поддржува гледиштата на овој модел и според неговите пресметки, фактичките плати на работниците во САД коишто немаат завршено средно образование, во периодот од 1980 до 2000 година се намалија за 9 % поради конкурентноста на нелегалните имигранти .
 
Како што може да се види од долгорочната заемна врска на релативните плати/вработувања и нелегалната имиграција од [[Мексико]] во [[САД]], големите економски докази ја поддржуваат неокласичната теорија . Меѓутоа, научниците за имиграција како Гордон Хансон (Gordon Hanson) и Даглас Меси (Douglas Massey) го критикувале моделот, бидејќи бил премногу едноставен и не ги зел предвид контрадикторните докази , како што е ниската нето нелегална имиграција од Мексико во САД во периодот пред осумдесеттите години од 20 век и покрај значајниот економски дебаланс. Со цел да се образложат останатите фактори предложени се значителен број на појаснувања, како што е наведено подолу.
 
====Либерализација на трговијата====
Во последните години земјите во развој ги следат придобивките од глобализацијата со тоа што се залагаат за нејзино намалување со цел да ја либерализираат трговијата. Но, брзото отворање на домашни пазари може да доведе до раселување на голем број земјоделци или неквалификувани работници ,за кои постои поголема веројатност преку нелегална имиграција да бараат вработување и повисок квалитет на живеење. Ова е најчесто наведуван доказ за да се објасни како Северноамериканската асоцијација за слободна трговија може да ги осиромаши земјоделците во Мексико , особено во однос на производството на пченка, кои не биле во можност да се натпреваруваат со повисоката продуктивност на субвенционираното земјоделство на САД. Така, НАФТА можеби неочекувано го зголемила нивото на образование потребно за работните места во индустријата во Мексико , затоа што новите, извозно ориентирани, текстилни фабрики произведуваа производи за извоз за кои се потребни вештини и образование, а кое што голем број работници го немаа.
 
====Структурна побарувачка во развиените земји====
Даглас Меси тврди дека во развиените земји разгранетиот пазар на трудот создава структурна побарувачка, со цел неквалификуваните имигранти да ги пополнат оние работни места кои не се барани и кои граѓаните кои се родени во таа земја не ги прифаќаат, независно од висината на платите. Според оваа теорија во постиндустриските економии постои јаз кој се зголемува помеѓу доброплатените , канцелариски работни места, за кои се потребни се повисоки нивоа на образование и „човечки капитал” за кои домашното население и легалните имигранти можат да се квалификуваат , и оние најниските работни места што се обележани како работа за лица без образование. Овие работни места кои се сметаат за „поткласа“ вклучуваат собирање на жетвата , неквалификувана работна сила во уредување на земјиште и градежништво, чистење куќи и работење како чистачка и помошник келнер во хотели и ресторани, секаде онаму каде што има непропорционален број нелегални работници.
Со намалувањето на бројот на „среднокласните“ работни места во индустријата и со сè помалиот број на работни места за работници без формално образование, помладите генерации од домашното население се одлучиле за стекнување повисоко образование. Најголемиот дел од новите работни места на работничката класа се „поткласна” работа која ја споменавме погоре, што страда од несигурност (односно привремените работни места наспроти работа во фабрика), подредени улоги и недостаток од потенцијал за напредување. Во исто време , многу попривлечни се приправничките работни места и работните места во услужниот сектор ,кои им нудат можности за напредување на домородните работници со цел да влезат во доминантната образована класа , па дури и ако ги плаќаат исто или помалку од работната сила.
Оттука, оваа теорија тврди дека во една развиена земја како што е САД , каде што денес само 12 % од работната сила е само со завршено основно образование, постои недостаток од домашни работници кои немаат друг избор освен да прифатат да работат мануелна работа која не ја посакуваат. Од друга страна, нелегалните имигранти имаат многу пониско образование (околу 70 % од нелегалните работници кои од Мексико имигрирале во САД немаат завршено средно училиште). Тие сѐ уште се подготвени да прифатат работни места кои се сметаат за „поткласа “,поради многу повисоките релативни плати отколку оние во нивната родна земја. Недостатокот од можност за напредување не им претставува проблем на нелегалните имигранти, бидејќи тие често очекуваат само привремено да работат во земјата-дестинација. Доказ за ова може да се види во една анкета на Центарот за истражување „Пју” извршена врз повеќе од 3 000 нелегални имигранти кои имигрирале од Мексико во САД , која покажа дека 79% доброволно би се приклучиле кон програма за привремена работа која би им овозможила легално да работат неколку години ,но која потоа ќе им наложи да заминат.
Теоријата на структурна побарувачка претпоставува дека волјата да се работи на непосакувано работно место ,отколку да се работи за вообичаените ниски плати е она што им овозможува на нелегалните имигранти да најдат работа.
Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и домашните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти „прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги „намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници
 
====Сиромаштија====
Иако економските модели го испитуваат релативното богатството и приходот помеѓу земјите на потекло и земјите-дестинации, тие не мора неопходно да подразбираат дека нелегалните мигранти се секогаш осиромашени од стандардите на земјата на потекло. Кај најсиромашните слоеви во земјите во развој може да се појави недостаток од ресурси кои им се потребни за да се обидат да преминат нелегално или да ги одржат врските со пријателите или семејството во земјата-дестинација. Истражувањата на центарот „Пју” покажуваат дека нивото на образование и плати кај нелегалните мексикански имигранти во САД се колку средните вредности во Мексико , а припаѓањето на семејство со роднини кои емигрирале или на заедница со многу емигранти претставува силен показател за евентуален избор да се емигрира.
Ред 45 ⟶ 47:
===Пренаселенот===
Порастот на населението што го надминува максималниот капацитет на една област или опкружување резултира со пренаселеност. Наглиот пораст на населението може да предизвика проблеми како загаденост, недостаток на вода и сиромаштија. Светското население се зголемило од 1,6 милијарди во 1990 година на околу 6,7 милијарди денес. Само во Мексико , населението се зголемило од 13,6 милиони во 1900 година на 107 милиони во 2007 година.
Во 2000 година [[Обединети нации|Обединетите нации]] проценија дека светското население се зголемувало со стапка од 1,14% (или околу 75 милиони луѓе) годишно. Според податоците од “Светската книга на факти” на [[ЦИА]] од 2005-2006 година , денес светското население секојдневно се зголемува за 203 800 луѓе. Бирото за попис на САД објави ревидирана прогноза за светското население која ги зголеми своите предвидувања за 2050 година за над 9,4 милијарди луѓе, почнувајќи од 9,1 милијарда луѓе. На секои 12 години додаваме по 1 милијарда. Речиси секој пораст ќе се појавува во помалку развиените региони.
 
===Повторно обединување на семејството===
Ред 54 ⟶ 56:
Нелегалната имиграција може да биде поттикната од желбата да се избегне граѓанска војна или репресија во земјата на потекло. Неекономските фактори на одбивање вклучуваат прогонување (верско и друго), честа злоупотреба, малтретирање, угнетување и геноцид, како и ризик за граѓаните за време на војна. Традиционално, политичките мотиви го поттикнуваат приливот на бегалци, на пример за да се избегне диктатура.
Важно е да се напомене дека статусот „ нелегален имигрант” може да се совпадне или да биде заменет со статусот „барател на азил” за емигранти кои избегале од војна или репресија и кои нелегално преминале во друга држава. Ако се признаени како „легални “ азиланти од земјата-дестинација , тогаш ќе добијат правен статус. Сепак , во една држава-дестинација може да има голем број потенцијални азиланти кои не сакаат да поднесат барање за азил или на кои им бил одбиен статусот на азилант , а со тоа се категоризирани како „нелегални имигранти” и можат да подлежат на казна или депортација.
Постојат голем број случаи на масовна емиграција од посиромашните држави или државите погодени од војна и во нив се вклучуваат примерите како [[Африка]], [[Колумбија]] и [[Ел Салвадор]].
По неколку децении на вооружен конфликт, денес еден од десет Колумбијци живее во странство. На пример, бројот на Колумбијците кои емигрираат во [[Шпанија]] пораснал прогресивно од малку повеќе од 7 000 емигранти во 1993 година на повеќе од 80 000 во 2002 година и 224 000 во 2003 година. Исто така, бројките од Министерството за внатрешна безбедност на САД укажуваат дека Колумбија е четврта водечка земја на нелегална имиграција во САД. Според неговите проценки , бројот на нелегални Колумбијци во САД тројно се зголеми почнувајќи од 51 000 во 1990 година на 141 000 во 2000 година . Според Бирото за попис во САД , во 2000 година бројот на легални колумбијски имигранти во САД изнесуваше 801 363 имигранти. Податоците од пописот се важни, бидејќи како што тврди Министерството за внатрешна безбедност на САД „податоците од пописот се поцелосни и поверодостојни (отколку податоците на Службата за имиграција и натурализација) поради националниот обем на собирање податоци , многу поголемите примероци на податоци, како и поголемата подготовка и следење на активностите кои се вклучени во спроведувањето на десетгодишниот попис.“
Ел Салвадор е една од земјите која доживеала значителна емиграција како резултат на граѓанската војна и репресијата. Најголемиот извор на имигранти по глава на жител во САД потекнува од Ел Салвадор. До една третина од населението кое е родено во Ел Салвадор живее надвор од земјата , најчесто во САД. Според округот Санта Клара, [[Калифорнија]], Канцеларија за меѓучовечки односи:
:'' И покрај фактот дека улогата на владата на САД во конфликтот во Ел Салвадор беше единствена во давањето поддршка за одложување на граѓанскиот конфликт, владата и Службата за имиграција и натурализација во САД (ИНС) изразија мало сочувство за луѓето кои беа погодени од војната. Во осумдесеттите години од 20 век ИНС одобри само 2 % од барањата за политички азил, тврдејќи дека во Ел Салвадор постои демократија и дека извештаите на САД и „ескадроните на смртта” спонзорирани од владата биле претенциозни. Како одговор на она што тие го сметаа за неуспех на владата на САД за решавање на ситуацијата на бегалците од Ел Салвадор во земјата, американските активисти воспоставија слаба мрежа за помош на бегалците. Делувајќи спротивно на американските закони за имиграција, овие активисти примија бегалци во своите домови, им помагаа при патувањето , ги криеја и им помагаа да најдат работа и ова стана познато како „движење за наоѓање засолниште.” ''
 
Ред 63 ⟶ 65:
 
===Ропство===
По крајот на меѓународната легална трговија со робови на Европа и САД во почетокот на 19-ти век , иако на многу пониски нивоа, нелегалниот увоз на робови продолжи понатаму. Иако не толку често колку во [[Европа]], [[Азија]], [[Африка]] и [[Латинска Америка ]], некои од жените несомнено се шверцувани во САД и [[Канада]].
Некои луѓе биле киднапирани или биле прелажани во ропство за да работат како физички работници, како на пример во фабриките. Оние со кои се тргува на овој начин често се соочуваат со дополнителни препреки при избегнувањето на ропството , бидејќи нивниот статус на нелегални имигранти им го отежнува пристапот до помош или услуги. На пример жените од Мјанмар тргувани во [[Тајланд]] и принудени да работат во фабрики или како проститутки, можеби не го зборуваат јазикот и се изложени на злоупотреба од страна на полицијата поради нивниот статус на нелегални имигранти .
 
===Проституција===
Ред 76 ⟶ 78:
===Преминување на границата===
[[Image:Office of CBP Air and Marine helicopter and boats.jpg|thumb|Контрола на поморската граница од страна на Агенцијата за царинска и гранична заштита на САД.]]
Имигрантите од земји кои немаат директен договор за виза или кои на друг начин не би можеле да се квалификувале за виза , често нелегално ги преминуваат границите во некои области како границата помеѓу САД и Мексико , каналот Мона меѓу [[Доминиканска Република|Доминиканската Република]] и Порторико , Гибралтарскиот Проток , Фуертевентура и Протокот Отранто.
Познато е дека оние кои се обидувале да имигрираат се задушувале во транспортни контејнери,товарни вагони и камиони,тонеле во бродоломи предизвикани од бродови кои се непогодни за пловење, умирале од хипотермија за време на долгите патувања без вода. Помеѓу 1998 и 2004 година, според една официјална проценка при нелегалните преминувања преку границата помеѓу САД и Мексико бројот на загинати изнесувал 1 954.
Шверцот со луѓе е практика на посредниците за финансиска добивка да им помагаат на нелегалните имигранти , кои често ги има во големи групи, при преминувањето преку меѓународните граници .Шверцот со луѓе се разликува од , но понекогаш и се поврзува со, трговијата со луѓе. Шверцерот со луѓе за да добие надомест ќе им го олесни нелегалниот влез на имигрантите во земјата , но по пристигнувањето на нивната дестинација шверцуваното лице најчесто е слободно. Шверцот со луѓе вклучува процес на употреба на физичка сила, измама или залажување за да се придобијат и да се пренесуваат луѓе.
Во озлогласени шверцери со луѓе спаѓаат бандите „ Снејкхед “ (Snakehead),кои се застапени во континентална [[Кина]] (особено во Фуџиен) и шверцуваат работна сила во земјите од Пацифичкиот обрач (што ги прави кинеските квартови секојдневни центри на нелегална имиграција) или „ Којотите”(Coyotes) кои шверцуваат нелегални имигранти во југозападнен САД и е познато дека злоупотребувале или дури и убивале патници. Понекогаш ,кога ќе се појават проблеми, шверцерите на луѓе ги напуштаат имигрантите кои притоа често настрадуваат, а понекогаш дури можат да бидат и намерно убиени.
 
===Престој по истекување на визата===
Некои нелегални имигранти легално влегуваат во една земја и потоа престојуваат откако ќе им истече визата или не го почитуваат рокот на важност на визата. На пример, голем број од проценетите 200 000 нелегални имигранти во Канада (можеби достигнува и до 500 000) се баратели на азил чии барања за азил биле одбиени ,но кои сѐ уште не се протерани од земјата.
Еден од начините за да се стане нелегален имигрант е со помош на бирократски средства. На пример, на некој може да му се дозволи да остане во една земја или да биде заштитен од протерување ,бидејќи на тој/таа му е потребна посебна пензија за здравствената состојба во која се наоѓа, потоа поради длабока љубов кон жител кој е по потекло од таа земја, или дури и да избегне да му се суди за некое кривично дело во неговата/нејзината родна земја ,ако не е во можност да ја регулира неговата/нејзината ситуација и да добие работа и/или дозвола за престој. Оттука, се создаваат категории на луѓе кои не се ни нелегални ни легални имигранти и кои законски не живеат во „ниту една земја”. Друг пример е кога децата на странците кои се родени во земји кои го применуваат правото на стекнувањето на државјанството со раѓање на територијата на таа држава (jus soli), како во Франција до 1994 година и во Ирска до 2005 година. Во овие земји, постоел услов да се добие француско или ирско државјанство доколку си роден во Франција пред 1994 година или во Ирска пред 2005 година. Денес, дете од родители со странско потекло кое е родено во [[Франција]] не се здобива автоматски со француско државјанство сè додека не ги исполни условите за времетраењето на престојот. Од 1 јануари 2005 година , доколку не исполнува одредени услови дете кое е родено во Ирска не се здобива автоматски со ирско државјанство.
 
==Правен и политички статус==
Во минатото голем број земји имале или и ден-денес имаат закони кои ја ограничуваат имиграцијата од економски или националистички политички причини. Резолуцијата 1373 на Советот за безбедност на ОН за борба против тероризмот, донесена во октомври 2001 година, побара од земјите-членки на ОН да ги ограничат законите за имиграција. Дали на некое лице ќе му биде дозволено легално да престојува во една земја, може да се одлучи со квоти или доселување по систем на точки или може да се заснова на фактори како што се роднински врски (брак, постара мајка итн.) Исто така чести се и исклучоците поврзани со политичките бегалци или луѓето кои имаат здравствени проблеми. Имигрантите кои не учествуваат во овие судски постапки или на кои во текот на овие постапки им била одбиена дозволата за престој, а кои и понатаму влегуваат или престојуваат во земјата се нелегални имигранти , како и лица кои се родени на територијата на државата (понатаму не се употребува поимот „имигранти”) но кои не добиле државјанство од земјата врз основа на раѓање и немаат законско право на престој.
Голем број земји имаат закони со кои се бара работниците да имаат соодветна документација, со која тие често имаат за цел да го спречат или да го намалат вработувањето на имигранти кои немаат работна дозвола. Меѓутоа, често казните против работодавците се мали и прифатливите услови за идентификација се нејасни и недефинирани, а исто така и ретко се проверуваат или спроведуваат што им олеснува на работодавците да вработуваат нелегална работна сила. Нелегалните имигранти особено им се омилени на работодавците, бидејќи тие можат да им платат помалку од законската минимална плата или да имаат небезбедни услови за работа , знаејќи со сигурност дека малкумина работници кои немаат дозвола за работа ќе ги пријават кај властите за злоупотреба. Често, минималните плати во една земја можат да бидат неколку пати поголеми од висината на платата која преовладува во земјата од која потекнуваат нелегалните имигранти , што прави дури и овие работни места да бидат привлечни за нелегалните работници.
Како одговор на негодувањето во однос на општопознатиот холокауст, новоформираните [[Обединети Нациинации]] одржаа меѓународна конференција за бегалците, каде што беше одлучено дека бегалците ( законски дефинирани како лица кои во својата матична земја се прогонувани и потоа влегуваат во друга земја и бараат безбедност) треба да бидат изземени од законите за имиграција. Секако тоа зависи од засегнатите земји да одлучат дали одреден имигрант е бегалец или не , а со тоа дали тие се подложени на контролата на имигрантите.
Често во уставот или во законите за човекови права на една земја е содржано правото на слобода на движење на лицето во рамките на националните граници, но овие права се ограничени на граѓаните и ги исклучуваат останатите. Некои тврдат дека слободата на движење во рамките на земјите и меѓу нив претставува основно човеково право и дека политиките на национализам и имиграција на владите на државите го прекршуваат ова човеково право, кое тие влади го признаваат во рамките на своите граници. Според член 13 од Универзалната декларација за човекови права, основните човекови права се кршат кога на граѓаните им се забранува да ја напуштат својата земја. Меѓутоа,на имигрантите не им се обезбедува правото на влез во друга држава и тоа право ѝ се препушта на претпазливоста на земјата-домаќин.
Нелегалните имигранти имаат ограничен или немаат никаков пристап до здравствените системи , соодветно живеалиште, образование и банки, бидејќи немаат соодветен правен статус и важечки документи за идентификација, како на пример лични карти. Немањето пристап може да резултира во создавање или ширење на нелегално тајно фалсификување со цел да ги добијат овие документи.