Специјален природен резерват Гоч
Специјалниот природен резерват Гоч ја опфаќа самата планина Гоч и областа околу неа. Врз основа на Уредбата на Владата на Република Србија бр. 2981, во 2014 година, шумскиот комплекс Гоч-Гвоздац бил прогласен во категоријата Специјален природен резерват.[1]
Географска положба
уредиПланинскиот масив Гоч се протега помеѓу реките Ибар и Западна Морава, 30 километри југоисточно од Краљево и 202 км од Белград. Неговата надморска височина се движи помеѓу 300 и 1.154 метри. Од источната страна е покриен со богати и убави шуми, а на запад целиот е гол и каменест. На север овој масив е поврзан со планината Столови, а на југ се потпира на масивот Копаоник. Политички припаѓа на две општини-Краљево и Врњачка Бања. Планинскиот масив Гоч на територијата на општина Краљево е застапен со делови од сливот на Гвоздачка река и реката Сокоља.
Печурки
уредиГоч печурките се посебна приказна. Ваква разновидност на видови е многу тешко да се најде на релативно мал простор. Поради оддалечените населби и патишта од резерватот Гоч има многу видови на печурки, но не само печурки туку и други растенија и животни.
Фауна и флора
уредиСпоред некои податоци, Гоч има 40 проценти од вкупната балканска флора и фауна. На Гоч може да се најдат повеќе лековити и јадливи растенија отколку на Копаоник, Златибор и Тара заедно. Благодарение на природните одлики, пред се зачувувањето на биолошката разновидност и шумските заедници, како и убавината на пределот, поволната клима, богатството на реки и создадените вредности, планината Гоч целосно ги исполнува условите за заштита како Специјален природен резерват. На поширокото подрачје на Гоч се пронајдени 27 видови цицачи. Во Гроздачка и Брезанска река, како и на поширокиот простор на Гоч, живее видра која е заштитена со закон како природна реткост. Овој вид е показател на незагаденоста на водата и богатството на ихтиофауната. Таа е означена како ранлива на европската и светската Црвена листа.
Видра
уредиВидра, вид од семејството на куни, исклучително прилагодена за живот во слатки вода. Тие се познати како многу вешти пливачи. Видрите имаат густо и многу подвижно тело. Нивната структура на телото е исклучително способна за нуркање. Тие можат да издржат исклучително долго во вода, а користат остри и силни заби за да го ловат пленот.
Наводи
уреди- ↑ „Специјални резерват природе „Гоч-Гвоздац"“. Шумарски факултет. Посетено на 24 јануари 2019.