Радиоастрон

(Пренасочено од Спектр Р)

Радиоастрон (или Спектар-Р, руски: Спектр-Р) — руски вселенски радиотелескоп, изработен со средства од Австровселенскиот центар на РАН, а лансиран во Земјината орбита на 18 јули 2011,[1] со перигеј од 10.000 км и апогеј од 390.000 км.[2][3]

Радиоастрон (Спектар-Р)
Податотека:Spektrvpolete11.jpg
Лансирано на18 јули 2011
Орбитални елементи
Апоцентар390.000 км
Перицентар10.000 км

„Радиоастрон“ е дело на повеќе установи: Австровселенскиот центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“ при Руската академија на науките, НПО Лавочкин и Роскосмос во соработка со разни руски и меѓународни организации. Работата на проектот траела повеќе од 20 години.

Оваа астрофизичка вселенска опсерваторија е наменета за радио-астрофизичко набљудувања на вонгалактички објекти со ултрависока разделна моќ со радиоинтерферометриски методи, во содејство со земски радиотелескопи во брановодолжински опсег од 1,35 – 6,0; 18,0; 92,0 см, како и истражување на својствата на краЗемјината и меѓупланетарната плазма.[4] Радиоастрон ќе овозможи набљудување на вселената со извондредно високо аголно разложување. Со ова се ветува разоткривање на загатките на длабоката вселена. Радиоастрон е најголемиот телескоп во вселената. Телескопот има облик на цвет, лиишто 27 листови се отвораат во рок од 30 минути.[5]

При лансирање, леталото имало маса од 5.000 кг. За превоз е употребена носечка ракета „Зенит-2SLБ“ со горен степен „Фрегат-2СБ“.[6] Главната научна цел на мисијата е изучување на разни астрономски објекти при аголно разложување од неколку милионити делови од една лачна секунда.

Носечката ракета на опсерваторијата е лансирана од платформата 45 на космодромот Бајконур на 18 јули во 06:31 MSK.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Руски сателит на задача да гледа во црни дупки“. SpaceFlight. 18 јули 2011. Посетено на 18 јули 2011. (англиски)
  2. „Опис на проектот „Радиоастрон". Посетено на 28 февруари 2008. (англиски)
  3. „Опис на проектот „Радиоастрон" - Орбита“. Институт за вселенско истражување на РАН. Посетено на 28 февруари 2008. (англиски)
  4. „Радиоастрон“. Роскосмос. Архивирано од изворникот на 2013-08-15. Посетено на 2011-07-19. (руски)
  5. „Патувачкиот вселенски телескоп ќе ги собори границите на човековите сознанија“. Russia Today. (англиски)
  6. „Конструкција на вселенското летало“. Австровселенски центар на физичкиот институт „П.Н. Лебедев“. (англиски)
  7. „Руското научно-истражувачко летало „Спектар-Р" е успешно лансирано од Бајконур“. Роскосмос. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 18 јули 2011. (руски)

Надворешни врски

уреди