Сојуз на Македонците
Сојузот на Македонците (старогрчки: Κοινὸν τῶν Μακεδόνων, Коинон тон Македонон) ― конфедеративно организирана комонвелтска установа (регионална држава или коинон[1]) која се состоела од сите македонски заедници обединети околу еден владетел.[2] Може да се спореди со Сојузот на Молосите, но се чини дека македонскиот сојуз имал многу помала моќ од оној на Молосите.[2] Главен град или седиште на македонскиот сојуз бил градот Бероја.[3]
Историја
уредиИ нумизматичките и натписните докази сведочат за постоењето на македонскиот сојуз пред и по римското освојување на Македонија.[4] Ковањето монети во името на „Македонците“ (т.е. ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ) било во постојано производство од времето на владеењето на Филип V (вл. 238–179 п.н.е.) и на Персеј (вл. 212–166 п.н.е.) до римскиот период.[4] Таа била преорганизирана во времето на раната Римска Империја и претворена во установа поврзана со императорскиот култ како што се случило со сите сојузи од тој период.[4]
Сојузот, управуван од членовите на месната елита, организирал и финансирал игри и фестивали и биле доделувани со римско државјанство. Користејќи ги традиционалните етнички симболи прикажани на неговите монети, како што се македонскиот штит и крилестиот гром, сојузот го зачувал чувството за македонски граѓански идентитет во провинцијата до крајот на II век од нашата ера.[4] Последното потврдување на лице „етнички“ идентификувано како Македонец е датирано во почетокот на IV век од нашата ера.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уредиЦитати
уреди- ↑ Mackil 2013 .
- ↑ 2,0 2,1 Walbank 1993 .
- ↑ Gill 1994 .
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Kremydi-Sicilianou 2005 .
- ↑ Hatzopoulos 2011 .
Извори
уреди- Gill, David W.J. (1994). „CHAPTER 11 MACEDONIA“. Во Gill, David W.J.; Gempf, Conrad (уред.). The Book of Acts in Its Graeco-Roman Setting. Grand Rapids, MI: William B. Eerdmans Publishing Company. ISBN 978-0-80-284847-5.
- Hatzopoulos, Miltiades B. (2011). „Macedonian Studies“. Во Lane Fox, Robin J. (уред.). Brill's Companion to Ancient Macedon: Studies in the Archaeology and History of Macedon, 650 BC – 300 AD. Leiden: Brill. стр. 35–42. ISBN 978-90-04-20650-2.
- Kremydi-Sicilianou, Sophia (2005). „7. 'Belonging' to Rome, 'Remaining' Greek: Coinage and Identity in Roman Macedonia“. Во Howgego, Christopher; Heuchert, Volker; Burnett, Andrew (уред.). Coinage and Identity in the Roman Provinces. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 95–106. ISBN 0-19-923784-0.
- Mackil, Emily (2013). „CHAPTER 11 THE GREEK KOINON“. Во Bang, Peter Fibiger; Scheidel, Walter (уред.). The Oxford Handbook of the State in the Ancient Near East and Mediterranean. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 304–323. ISBN 978-0-19-518831-8.
- Walbank, Frank William (1993) [1981]. The Hellenistic World: Revised Edition. Cambridge, MA: Harvard University Press. ISBN 0-674-38726-0.