Сотир Сотироски
Сотир Ѓорев Сотироски-Џигиџик некаде се сретнува како Сотир Георгиески - Џигиџик (22 август 1919 во Прилеп — 19 септември 1942 во Дабница, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил работник. Како активен помагач на Народноослободитлената борба, бил откриен и фатен од бугарската фашистичка полиција. По садистичкото мачење на 19 септември 1942 година, истиот бил стрелан кај месноста Завој, недалеку од селото Дабница, Прилепско.[1]