Сотир Секулов Брбевски (15 ноември 1914, Лавци (Битолско), Битолско — 9 септември 1944, Прешево, Србија) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Сотир Брбевски
Роден 15 ноември 1914
Лавци (Битолско)
Починал 9 септември 1944(1944-09-09) (возр. 29)
Прешево
во борба

Животопис

уреди
 
Биста на Сотир Брбевски во Битола

Сотир Секулов Брбевски е роден во селото Лавци. Се занимавал со кондураџиство. Уште од првите дни по окупацијата, како член на КПЈ, активно се борел против окупаторот. На 12 септември 1943 година доброволно стапил во партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Учествувал во бројни борби против разни фашистички единици. Бил командант на бригада. Загинал на 9 септември 1944 година во борбите за ослободување на Прешево.[1]

Чествување

уреди

Во негова чест една улица во населбата Недопирливи во Битола, улицата што ги спојува ул. Ѓорѓи Наумов со ул. Студентска, го носи неговото име.[2]

Наводи

уреди
  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  2. Сотир Брбевски на Гугл мапи