Сопрузи и сопруги (филм)

Сопрузи и сопруги - американски филм од 1992 година, во режија на Вуди Ален. Главните улоги ги играат: Вуди Ален и Мија Фароу.

Содржина

уреди

Професорот по литература Гејб Рут живее во хармоничен брак со Џуди. Меѓутоа, кога нивните пријатели Џек и Сели ќе се разведат, Гејб и Џуди почнуваат да ги откриваат проблемите во бракот. Притоа, Гејб го привлекува надарената и убава студентка Реин, која покажува наклонетост кон постари мажи.[1]

Наводи

уреди
  1. „Сопрузи и сопруги“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 25.