Соман

хемиско соединение

Соман, именуван како GD (О-пинаколил метилфосфaнофлуоридат C7H16FO2P) е екстремно токсична супстанца што ако се нанесе неразредена е еден од светски најопасните воени оружја. Тоа е нервен отров што се меша во нормалното функционирање на нервниот систем кај цицачите односно го спречува функционирањето на ензимот холинестераза. Како хемиско оружје е класифицирано како оружје за масовно уништување од Обединетите Нации и неговото производство е строго контролирано и чувањето на резерви е забрането со закон од Конвенцијата за Хемиско Оружје во 1993 година. Соман е третиот од таканаречените G-серии на нервни отрови што биле откриени по GA (табун), GB (сарин) и GF (циклосарин).

C7H16FO2P

Факти за соманот

уреди

Соманот е хемикалија направена од човекот класифицирана како нервен отров. Нервните отрови се најотровните и најбрзо дејствувачките отрови. Тие се слични со пестицидите наречени органофосфати. Во секој случај нервните отрови се многу помоќни од пестицидите.

 
Скелетонска формула.

Соманот е корозивна и безбојна течна супстанца, без вкус со слаб мирис кога е чиста.

Почесто е со жолта до кафена боја и има посилен мирис што е опишан како камфор (или скапано овошје). Соманот може да испарува кога ќе се загрее. Тој е посмртоносен и попостојан од саринот и табунот но помалку од циклосаринот.

GD може да се разреди за употреба како хемиски спреј употребувајќи акрилоид коплимер. Може да се зајакне како бинарно хемиско оружје, а хемиските претходници се метилфосфонилдифлуорид и мешавина од пинаколил алкохол и амин.

Историја и употреба

уреди

Соман е отркиен од Ричард Кан во Германија во 1944 и претставува последно откривање на нервен отров (GF не бил отриен сè до 1929). На соманот му бил даден идентификувачкиот GD код (бидејќи GC веќе бил во употреба) кога Советскиот Сојуз го пронашла во неговото пронаоѓалиште, во рудниците. Можно е соманот и некои други нервни отрови да биле употребувани како хемиски воени оружја за време на Иран-Ирак војната во 1980-те.

Како луѓето може да бидат изложени на соман?

уреди

Луѓето може да дојдат во контакт со соманот на повеќе начини. На пример при испуштање на соманот во воздух луѓето можат да бидат изложени преку контакт со кожата, очите или преку вдишување, лесно се меша со водата па може да биде употребен да се затруе водата и со пиење на таквата вода или во допир со таквата вода може луѓето лесно да се изложат. Со загадување на храната со соман луѓето ќе бидат изложени со јадење на таквата храна. Облеката која што дошла во допир со пареа од соман може да испушта соман во наредните 30 минути што води до изложување и на други луѓе на соман. Тој се распаѓа полека во телото што значи дека со повеќе изложувања на нервни отрови може да се добие кумулативен ефект. Бидејќи соманот е потежок од воздухот тој се наталожува на почвата и предизвикува огромно загадување.

Како дејствува соманот:

уреди

Степенот на труење предизвикан од соман зависи од количеството на соман на кое човекот бил изложен, како тој човек бил изожен и времетраењето на изложувањето. Симптомите ќе се појават по неколку секунди по изложувањето на пареа од соман, а за неколку минути до 18 часа по изложување на соман во вид на течност. Сите нерврни отрови функционираат на тој начин што ја спречуваат правилната работа на супстанцата што работи кога телото се одмара (жлездите и мускулите). Кога ќе го нема тоа одмарање жлездите и мускулите постојано ќе бидат стимулирани. Тие може да се изморат и да не можат да го одржуваат процесот на дишење. Во споредба со другите нервни отрови соманот е поиспарлив од VX, но помалку од саринот. Колку што е повеќе испарлив толку полесно може од течност да се претвори во пареа и да се рашири во околината. Луѓето може да бидат изложени на пареата и ако не дојдат во допир со течноста. Поради големата испарливост соманот е брз отров, но не издржува многу во опкружувањето.

Забележителни знаци и симптоми на изложување на соман

уреди

Покрај тоа што соманот има камфорен или овошен мирис, тој не е толку силен да даде до знаење на луѓето дека во близина има отров. Луѓето изложени на ниска или средна доза на соман преку вдишување, голтнување или со допир на кожата може да ги добијат некои или сите од следните симптоми во рок од неколку секунди до неколку саати од изложувањето: водлести очи; мали, испупчени зеници; болка во очите; заматено гледање; прекумерно потење; кашлање; стегање во градите; брзо дишење; диареја; полиуриа; конфузија; поспаност; омалаксаност; главоболка; болка во стомакот; крвавење; абнормално висок или низок притисок. Дури и најмала капка од отровот на кожата може да предизвика потење и стегање на мускулот каде што отровот бил нанесен. Изложување на поголема доза на соман на каков било начин може да предизвика дополнителни проблеми со здравјето: несвестица; грчење; парализирање; откажување на дишењето што може да доведе до смрт. Ако овие знаци и симптоми се појават не мора да значи дека личноста била изложена на соман.

Кои се долгорочните здравствени ефекти

уреди

Делумно озрачените луѓе обично заздравуваат комплетно. Тешко озрачените луѓе ретко преживуваат. За разлика од некои органофосфатни пестициди, нервните отрови не се поврзани со невролошки проблеми коишто траат повеќе од 1 до 2 недели по изложувањето.

Заштита и превенција

уреди

Лекувањето од соман е возможно со посебен третман, но противотровот мора да биде употребен брзо (за време од неколку минути) за да дејствува. Затоа најдобар начин да се заштитиме е да се избегне изложување:

  • Да се проветри просторијата во која имало пареа од соман, и да се отиде на свеж воздух што е многу важно бидејќи во голем процент го намалува влијанието на пареата од соман. Ако соманот бил ослободен надвор тргнете се од таа област и одете на највисокото место бидејќи соманот е потежок од воздухот и ќе се наталожи на почвата. Ако соманот бил ослободен во просторија, напуштете ја истата.
  • Ако некој мисли дека бил изложен на соман треба веднаш да ја отстрани облеката од себе, да го измие целото тело со вода и сапун и да добие медицинска помош најбрзо што може.
  • Остранување на облеката:
    • Брзо соблечете ја целата облека од себе. Ако има нешто што треба да се извлече преку глава, пресечете го наместо да го влечете преку глава. Таквата облека ставете ја во пластична вреќа па таа вреќа ставете ја во друга. Така ќе спречите и другите луѓе околу вас да бидат изложени.
  • Миење на телото:
    • Најбрзо измијте го телото со вода и големи количини на сапун. Миењето на телото со сапун ги заштитува луѓето од какви било хемикалии на нивните тела. Мијте ги очите 10-15 минути со вода ако ве печат или видот ви е заматен. Ако сте проголтале соман на некаков начин не повраќајте и не пијте течности. Побарајте медицинска помош веднаш!

Како изложувањето на соман се третира

уреди

Третманот се состои од отстранување на соманот од телото што е можно поскоро и давање на медицинска нега. Противотрови за соман постојат. Тие се најкорисни ако се дадени веднаш по изложувањето на соман.

Надворешни врски

уреди