Амин
Амин (библиски хебрејски: אָמֵן, āmēn) — вообичаен завршеток во молитвите и псалмите, наменет да ја потврди вистинитоста на изговорените зборови.[1][2] Една од најчестите (особено во богослужбата на западните христијански исповеди) акламации. Зборот е меѓународен.[3]
Древност
уредиВо Древниот Вавилон, зборот „омен“ значел одреден ѕвезден состав што се сметал за предвесник на некој настан. Грубо преведено, „омен“ значи „она што ќе дојде“.
Симбол
уредиАмин е збор што симболизира договор и потврда. Се појавува во Светото писмо и се користи и во синагошките литургии и во христијанските молитви. Во Книгата на откровението, „Амин“ се користи и за да се однесува на Христос. Зборот амин е сличен на „ом“, при што и двата го носат истото значење на потврда и одобрување. Во оваа смисла, двата поими го изразуваат присуството на самиот Господ.
Основно значење
уредиАмин е збор што изразува желба наместо извесност. Тоа значи „така да биде“, „навистина“ или едноставно „да“. Зборот доаѓа од еврејски корен што означува постојаност, цврстина и сигурност. Да се каже „амин“ е начин да се потврди дека веруваме дека кажаното е точно, без разлика дали потврдуваме предлог или се придружуваме кон нечија молитва.[4]
Наводи
уреди- ↑ „амин“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „амин“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Дали знаете што значи зборот „амин"?“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-11-25. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Што значи зборот АМИН, кој го кажуваме на крајот од секоја молитва?“. Женски магазин (англиски). Посетено на 2024-11-25.