Сокол ластовичар
Сокол ластовичар | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Соколи |
Род: | Сокол |
Вид: | Сокол ластовичар |
Научен назив | |
Falco subbuteo Linnaeus, 1758 |
Сокол ластовичар (Falco subbuteo) е мал слаб сокол. Тој им припаѓа на тесно поврзана група слични соколи кои често се сметаат за подрод Hypotriorchis.[2]
Опис
уредиВозрасните единки се сивкасти на врвот со темна круна и две кратки црни ленти. Грлата им се бели, бутовите им се ненабраздени и останатиот дел од телото им е белкаст со црни ленти. Половите се слични. Младенчињата се вообичаено многу покафеафкасти, со намалени горни делови и набраздени кожести бутови и се покриени зад опашката.[3]
Соколот ластовичар има посебни прволетни перја.[4]
Таксономија и систематизација
уредиОвој вид беше првично откриен од Карл Линеј во неговото дело „Систем на природата“ во 1758 г. како Falco subbuteo.[5]
Моментално се познати два подвида:
- subbuteo – номинираната раса е жител во Африка, Европа и централна и источна Азија, во зимите во централна и јужна Африка и јужна Азија .
- streichi, опишан од Хартерт и Неуман во 1907, е во помала големина и е пронајден во далечниот исток од опсегот на subbuteo.
Дистрибуција и статус
уредиОвој вид го има низ Африка, Европа и Азија. Тој е птица-преселница на долга дистанца, презимувајќи во Африка и Азија.
Поведение и екологија
уредиСоколот ластовичар е птица која живее на отворени земјишта како обработливо земјиште, мочуриште, тајги и савани. Тие се широко распространети во ниските предели со расфрлани мали шуми. Тоа е елегантна птица ловец, која се појавува како срп во лет со нејзините долги истакнати крилја и коцкеста опашка. Таа лета моќно и брзо. Јаде големи инсекти, како што се вилините коњчиња, кои ги пренесува од канџите за да јаде со клунот додека лета поспоро во кругови.[6] Таа исто така лови мали лилјаци и мали птици како што се ластовицата, врапчето и др. Нејзината брзина и акробатски способности ѝ овозможуваат да зема ластовици па дури и врапци на крилјата, и селски или градски ластовички. Испушта карактеристичен звук, како аларм. Таа е позната како вознемирувач на ластовиците додека тие кокошарат и ги растураат кокошарниците.[3] Додека се селат, тие можат да се движат во мали групи.
Неговите гнезда се стари гнезда од врани и други птици. Одбирањето на дрвото е најчесто работ на дрвото или екстремните рабови од каде птицата ќе може да ги надгледува натрапниците од дистанца. Таа положува 2-4 јајца. Инкубацијата може да трае до 28 дена и двата родители ја делат оваа должност, иако женката го врши поголемиот дел од задачата.[7]
Таа е многу храбра птица и била користена во соколарството, тренирана да лови птици како патки, славејчиња, пупунци,гаврани и др.[8]
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Falco subbuteo“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
- ↑ Helbig et al. (1994), Wink et al. (1998), Nittinger et al. (2005)
- ↑ 3,0 3,1 Rasmussen PC & JC Anderton (2005). Birds of South Asia: The Ripley Guide. Volume 2. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. стр. 114–115.
- ↑ Small, Brian (1992): First-summer Hobbies in the New Forest British Birds 85(5): 251–5
- ↑ Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 89.
F. cera pedibusque flavis, dorso fusco, nucha alba abdomine pallido maculis oblongis fuseis.
- ↑ Butler, EA (1875). „Notes on the Avifauna of Mount Aboo and Northern Guzerat“. Stray Feathers. 3: 443–444.
- ↑ Baker, ECS (1928). Fauna of British India. Birds. Volume 5 (2. изд.). Taylor and Francis, London. стр. 41–45.
- ↑ Jerdon, TC (1864). The birds of India. Volume 1. George Wyman and Co, Calcutta. стр. 34–35.
- Helbig, A.J.; Seibold, I.; Bednarek, W.; Brüning, H.; Gaucher, P.; Ristow, D.; Scharlau, W.; Schmidl, D. & Wink, Michael (1994): Phylogenetic relationships among falcon species (genus Falco) according to DNA sequence variation of the cytochrome b gene. In: Meyburg, B.-U. & Chancellor, R.D. (eds.): Raptor conservation today: 593–599. PDF fulltext
- Nittinger, F.; Haring, E.; Pinsker, W.; Wink, Michael & Gamauf, A. (2005): Out of Africa? Phylogenetic relationships between Falco biarmicus and other hierofalcons (Aves Falconidae). Journal of Zoological Systematics and Evolutionary Research 43(4): 321–331. doi:10.1111/j.1439-0469.2005.00326.x PDF fulltext
- Wink, Michael; Seibold, I.; Lotfikhah, F. & Bednarek, W. (1998): Molecular systematics of holarctic raptors (Order Falconiformes). In: Chancellor, R.D., Meyburg, B.-U. & Ferrero, J.J. (eds.): Holarctic Birds of Prey: 29–48. Adenex & WWGBP. PDF fulltext
Надворешни врски
уреди„Сокол ластовичар“ на Ризницата ? |
- (Eurasian Hobby =) Hobby Falcon - Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Ageing and sexing (PDF; 5.7 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 26 декември 2011 г.
- Аудиоснимки од Falco subbuteo — Xeno-canto
- Photos, Videos