Соколи (гимнастичарско движење)
Соколи — организација за гимнастика за сите возрасти, првично основана во Прага, Чешка, тогашна област на Австроунгарија во 1862 година од страна на Мирослав Тирш и Јинджих Фигнер. Се заснова на принципот „во здраво тело здрав дух“. Соколи преку предавања, дискусии и групни екскурзии, го овозможувало она што Тирш го сметал за физичка, морална и интелектуална обука и тренинг на нацијата. Овие тренинзи се прошириле кај мажи од сите возрасти и категории, подоцна и кај жените.
Движењето се проширило и низ сите региони населени со словенска култура: Полска, Србија, Бугарија, Македонија, Руско Царство, Украина, Белорусија и остатокот од Австроунгарија (т.е. денес Словенија и Хрватска). Во многу од овие нации организацијата исто така е претходник на движењето извидници. Иако официјално ја прокламирало институцијата „над политиката“, Соколи одиграл важна улога во развојот на чешката преродба обезбедувајќи форум за ширење на масовна национална идеологија. Статиите објавени во списанието Соколи, предавањата во библиотеките Сокол и театралните изведби, големите гимнастички фестивали наречени „слетови“, помогнале да се формира и распространи чешката национална митологија и верзија на историјата.
Извори
уреди- Crampton, R. J. Eastern Europe in the Twentieth Century—and After. London: Routledge, 1997.
- Jandásek, Ladislav. "The Founder of the Sokols: Miroslav Tyrš". Slavonic and East European Review, 10 (1931/1932).
- Kruger, Arnd, and Murray, William (eds.). The Nazi Olympics: Sport, Politics, and Appeasement in the 1930s. University of Illinois: 2003. p. 9.
- Nolte, Claire E. "Our Brothers across the Ocean: The Czech Sokol in America to 1914", International Journal of the History of Sport 26 (no. 13, 2009) 1963–82.
- Nolte, Claire E. The Sokol in the Czech Lands to 1914: Training for the Nation. New York: Palgrave Macmillan, 2002.
Надворешни врски
уреди- Соколи (гимнастичарско движење) на Ризницата ?
- Официјална страница (чешки) (англиски)