Сложеност на мрежата

Сложеноста на мрежата(англиски: Network complexity) ја прави бројот на јазли и алтернативни патеки кои постојат во рамките на една компјутерска мрежа, како и разновидноста на комуникациските медиуми, комуникациската опрема, протоколи и хардверски и софтверски платформи применети во мрежата.

Примери за едноставни мрежи: Мала LAN мрежа без алтернативни патеки, еден комуникациски протокол и идентични хардверски и софтверски платформи низ нодови ќе биде класифициран како едноставна мрежа.

Пример за комплексна(сложена) мрежа можеме ги наведеме мрежите во претпријатијата каде што се користи мулти комуникациски медиуми и комуникациски протоколи за интерконекција на географски дистрибуирани мрежи со различни хардверски и софтверски платформи.

Дефинирање на комплексноста и нејзино разбирање

уреди

Комплексноста на мрежите е во постојана еволуција така да еволуира на ниво на која разбирливоста е се помала. Таков пример е Интернетот кој спаѓа во групата на комплексни мрежи. Во 1970 година би можеле да подготвиме четири-нодовска DARPAnet на салфетка, но 40 години подоцна поради неговата скала и динамична природа на интернетот е премногу комплексно да се сфати и разбере, моделизира или да се предвиде неговата природа.

Во декември 2007 година NSF ги поттикнал компјутерски науки и информатичкото инженерство и заедница за решавање на основното прашање: Дали постои наука за разбирање на сложеноста на нашите мрежи, така да ги создадеме да бидаат попредвидливи, или барем повеќе прилагодливи? Тие повикуваат на адресирање на мулти нивовска апстракција, да се справи со прашањата околу комплексноста кои опфаќаат различни нивоа и соработка со научници од социо област и економисти, додека во најмал план ќе се продолжи приспособувањето кон новите технологии.

Користена литература

уреди
  1. Сложеност на мрежата