Слобода Миќаловиќ

(Пренасочено од Слобода Мичаловиќ)

Слобода Миќаловиќ-Ќетковиќ (Лесковац, 21 август 1981 година) е српска глумица. Во брак е со глумецот Војин Ќетковиќ, со кој живее во Белград. Нејзиниот татко е Драган Миќаловиќ, кој исто така беше глумец.

Животопис

уреди

Слобода Миќаловиќ е родена во Лесковац 1981 година. Нејзините родители се Милица (фризерка) и Драган (актер) Миќаловиќ. Се родила како второто дете (има 2 сестри). Започнала со училиште во 1988 година. Го обожувала Бранко Коцкица. Семеен пријател работел на радио и Слобода ја имала честа да има интервју со Коцкица. Тој ѝ кажал на крајот, дека е одлична водителка. Тоа бил нејзиниот прв јавен настап. Во 1989 година таа се запишала во нижа музичка школа. Била и во хорот. Освен со музика се занимавала и со танцување и спорт. 1995 година Слобода, се запишала во средна музичка школа, бидејќи таа видела дека има талент за музика. Слобода одлучила да запише глума и со нејзиниот татко отишла во Белград во 1999 година. Кога таа била трета година на студии, Здравко Шотра ја поканил на аудицијата за филмот „Зона Замфирова". Шотра ѝ ја дал улогата на Васка. Во 2002 година ја добила улогата во серијата „Мешан брак", а во истата година се заљубила во Војин Ќетковиќ, за кој подоцна се омажила и со кого добила близнаци. Главната улога во серијата „Ранетиот орел" - е улога по која станала уште повеќе позната.

Почетокот

уреди

Во 1988 година во лесковачкиот Дом на армијата гостувал Бранко Милиќевиќ - Коцкица чија емисија Слобода ја обожавала. Благодарение на семејниот пријател, кој работел во локално радио, седумгодишната Слобода добила можност да разговара со нејзиниот идол. Сјајно се пронашла во улогата на водител, па Бранко Коцкица и оддал почит на крајот на разговорот. Тоа бил нејзиниот прв сериозен јавен настап. Затоа што поседувала очигледен музички талент, кој го потврдила и преку нижо музичко училиште, во 1995 година таа се запишала во средно музичко. Овој период од животот истекол, како најубав, а како е важен случај се издвојува моментот кога одлучила да започне со водење на дневник.

Студии

уреди

1999 година, веднаш по нападот, Слобода со воз се упатила кон Белград, за да се обиде да запише глума на Факултетот за драмски уметности. Ја пратил нејзиниот татко Драган, кои до последниот момент се противел на одлуката да ги следат неговите чекори. Таа имала само седумнаесет години кога, поминала на приемниот од прва, примена во класата бараниот професор Предраг Бајчетиќ.

Почетен успех

уреди

Кога таа била трета година на студии, режисерот Здравко Шотра ја поканил неа, заедно со Катарина Радивојевиќ на кастингот за филмот „Зона Замфирова". Двете конкурирале за улогата на Зона, која била доделена на Катарина. Меѓутоа, Шотра го препознал талентот на Слобода и и ја доделил улогата на Васка. Улогата на Јелена Чаѓеновиќ во серијата "Мешан брак", која станала многу популарна, која ја добика во 2002 година, а истата година и започнала и романса со нејзиниот иден сопруг Војин Ќетковиќ. Во 2008 година, седум години откако таа ја започна својата глумечка кариера, за првпат доби голема улога, и тоа Анѓелка Бојаниќ во серија Ранет орел, која ги срушила сите рекорди на гледаност. 12 мај истата година, таа и Војин се венчаа. Во 2010 година доби Оскар на популарноста како глумица на годината.

Награди и признанија

уреди

Двапати ја доби наградата Глумечки пар на годината Таа и тој, во изборот на читателите на "ТВ-Новости", која се доделува во Филмскиот фестивал во Ниш , и тоа: 2009. и 2012.година во пар со Иван Босиљчиќ за улогата на Анѓелка во ТВ серијата Ранет орел и улогата на Милена во ТВ серијата Непобедливо срце.[1]

Наводи

уреди
  1. „Niš: Uručenje nagrade "Glumački par godine". novosti.rs. Посетено на 5 јуни 2013.

Надворешни врски

уреди

(англиски)