Сливенски мост
Сливенски мост (грчки: Γεφύρι Κορομηλιάς) — стар камен мост северно од селото Сливени, Костурско, Егејска Македонија.
Сливенски мост Γεφύρι Κορομηλιάς | |
---|---|
Координати | 40°32′21.6″N 21°10′59.1″E / 40.539333° СГШ; 21.183083° ИГД |
Преминува | Желевска Река |
Место | Сливени, Костурско, Егејска Македонија |
Зашт. статус | споменик на културата |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 26 м |
Ширина | 2,8 м |
Висина | 7 м |
Најдолг распон | 16 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | 1865 |
Местоположба | |
Мостот е добар пример за техничката конструкција на мостовите од XIX век и важен модел за архитектонските решенија во мостоградбата во отоманско време.[1] Според гравираниот натпис од југозападната страна на мостот, на исток од клучниот камен, изграден е во 1865 година. Подигнат е од француски градители во служба на отоманската држава. За изградбата е искористен материјал од постар мост што се наоѓал на истото место.[2][3]
Ова е еднолачен мост со должина од 26 м, ширина од 2,8 м и висина од 7 м. Лакот е широк 16 м. Клиновидните камења кои го образуваат лакот се црни плочи од шкрилец, и само клучниот и гравираниот камен се одвојуваат со својата белина бидејќи се од варовник.[3]
Во 2006 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΝΣΑΚ/21977/629/30-3-2006 - ΦΕΚ 476/Β/17-4-2006“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 12 јануари 2015.
- ↑ „Γεφύρι Της Κορομηλιάς“. Τα Πέτρινα Γεφύρια. Посетено на 21 август 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Βόλτα στα Πέτρινα Γεφύρια του Νομού Καστοριάς“. About Kastoria. 25 февруари 2016. Посетено на 22 декември 2020.
Надворешни врски
уреди- Сливенскиот мост на порталот „Камени мостови на Грција“ (грчки)