Спилието
Спилието[1] (Берик, Беричка Клисура[2] или Сливенска Клисура; грчки: Φαράγγι της Κορομηλιάς) — живописна клисура на Желевска Река во Костурско, Егејска Македонија.[3]
Спилието | |
---|---|
Φαράγγι της Κορομηλιάς | |
Поглед на клисурата | |
Должина | 18,3 км Ј - С |
Геологија | |
Вид | клисура |
Географија | |
Местоположба | Костурско, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Координати | 40°34′00″N 21°11′20″E / 40.5666° СГШ; 21.1888° ИГД |
Река | Желевска Река |
Опис
уредиКлисурата почнува од месноста Берик (800 м.н.в.), каде се наоѓало истоименото село Берик и каде и денес стои Беричкиот мост (наречен и Д’мбенски). Се протега во јужен правец и излегува кај селото Сливени на 750 м надморска височина. Има вкупна должина од 18,3 км. Подрачјето зафаќа површина од 707 ха и е заштитено од државата поради „особената природна убавина“. По Варовничките карпести падини на клисурата има мали пештери, од каде потекнува името Спилието (од грч. σπήλαιο, „пештера“). По карпите и по бреговите на реката растат грмушки и различни широколисни дрвја.[3]
Во една од пештерите кај излезот од клисурата се наоѓа Сливенската кула.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Королов, Лари-Лабро (2020). Дреновени: Разцвет и разорение на едно село в южна Македония (Второ допълнено издание. изд.). София: Македонски научен институт. стр. 125. ISBN 978-619-7377-14-9.
- ↑ Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 70.
- ↑ 3,0 3,1 „Φαράγγι Κορομηλιάς Καστοριάς“. Φιλότης-Εθνικό Μετσόβιο Πολυτεχνείο. Посетено на 12 февруари 2022.
- ↑ „Πύργος Αγίας Μαρίνας Δάφνης“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 6 ноември 2016.