Слендермен (англиски: Slender Man, македонски: „Тенкиот Човек“), познат и како Слендер (англ. Slender) — измислен лик создаден како интернет-мем од корисникот на семрежниот форум Something Awful — Ерик Кнудсен (познат како „Виктор Серџ“) во 2009 г. Тој е прикажан како налик на неприродно висок, слаб, безличен човек облечен во црн костум и црвена или понекогаш црна вратоврска со пипала зад грбот. Приказните за Слендермен обично вклучуваат следење, грабнување и јадење луѓе, особено деца.[1] Ликот Слендермен не е ограничен на една приказна, туку се појавува во разни творби, плод на уметнички измислици, најчесто создадени на семрежјето.[2]

Слендермен
Цртеж на Слендермен
Прво појавувањеНа интернет-форумот Something Awful на 10 јуни 2009 г.
СоздавачЕрик Кнудсен
Толкува
Информации
Виднепознато
Полмашки

Опис

уреди

Слендермен е опишан како висок лик на маж без лице. Може да се телепортира, а во игрите за Слендер, тој го прави ова само кога играчот не е свртен кон него. Има и пипала што се појавуваат од грбот, но не секогаш. Во суштина, тој ги користи за самоодбрана или за да ги запрепасти луѓето. Слендермен ја избегнува сончевата светлина бидејќи тоа е неговата слабост, иако понекогаш може да се види на неа. Многу луѓе го мислат како вид дух или привидение, но тој всушност е човечки лик направен од неприродна плазмена материја, како суштество што личи на 4Д-призрак. Слендермен најчесто се поврзува со белешки што се осум на број.

Наводи

уреди
  1. Gail Arlene De Vos (2012). What Happens Next?. ABC-CLIO. стр. 162. ISBN 9781598846348.
  2. Romano, Aja (31 октомври 2012). „The definitive guide to creepypasta—the Internet's urban legends“. The Daily Dot. Посетено на 22 април 2013.

Надворешни врски

уреди