Слезова дебелоглавка
Слезова дебелоглавка | |
---|---|
Дорзален поглед | |
Латерален поглед. | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Hesperiidae |
Род: | Carcharodus |
Вид: | C. alceae |
Научен назив | |
Carcharodus alceae (Esper, 1780) [1] | |
Синоними | |
|
Слезовата дебелоглавка (Carcharodus alceae) е пеперутка од семејството на Дебелоглавки. Пеперутката ја има и во Македонија.
Распространетост
уредиПеперутката е доста честа во јужна и централна Европа, северна Африка, Мала Азија, Средна Азија, Кавказот и Среден Исток.[1][2][3]
Подвидови
уредиПодвидови на Слезовата дебелоглавка се:[1]
- Carcharodus alceae alceae (Европа, Северна Африка)
- Carcharodus alceae swinhoei Watson, 1893 (Авганистан, Индија)
- Carcharodus alceae wissmanni Warnecke, 1934 (Јемен)
Живеалиште
уредиОвие чести пеперутки сакаат сушни топли и каменести предели и градини до надморска висина од 1100 метри.[2][4]
Биологија
уредиПеперутката полага јајца на листови од различни видови на слез. Ларвата воглавно се храни со Malva sylvestris, Malva moschata, Althaea officinalis, Lavatera thuringiaca и Hibiscus.[1][5] Пеперутката лета од април до октомври, во зависност од местото. Се хранат со нектар. Во Средна Европа вообичаено имаат две генерации, април до мај и јули.[2][4]
Животен циклус
уреди-
Јајце
-
Ларва
-
Кожурец
-
Кукла
-
Возрасна единка
Литература
уреди- Dubi Benyamini Euphorbiaceae – A new host-plant family for Carcharodus alceae Esper, 1780 (Lepidoptera: Hesperiidae) and a discussion on the use of Euphorbiaceae by butterfly larvae (Papilionoidea, Hesperioidea) in the world // Nota lepid.. — Israel, 2005. — Vol. 28, n. 2.- pp. 75–92. - ISSN 0342-7536.
- Martin Konvicka & Tomas Kadlec How to increase the value of urban areas for butterfly conservation? A lesson from Prague nature reserves and parks - Vol. 108. . pp. 219–229. — ISSN 1210-5759.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Carcharodus, funet.fi
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Carcharodus.ch
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-02-17.
- ↑ 4,0 4,1 Pieris.ch
- ↑ Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Moths and Butterflies of Europe and North Africa