Црн слез

(Пренасочено од Malva sylvestris)
Црн слез
Црн слез
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Malvales
Семејство: Malvaceae
Потсемејство: Malvoideae
Род: Malva
Вид: M. sylvestris
Научен назив
Malva sylvestris
L. (1753)
Синоними

Malva ambigua Guss.
Malva mauritiana L.
Malva erecta C.Presl[1]
Malva gymnocarpa Pomel[2]

Црн слез — растение од фамилијата Слезови (Malvaceae).

Опис на растението

уреди
 
Лист од црн слез

Растението има стебло високо од 20 до 150 cm, растечко нагоре или легнато, најчесто разгрането и во основата вдрвенето.[3] Листовите имаат облик на дланка, на 3-5 места прстесто врежани, поставени на долги дршки.[4] Цветовите се многубројни, по 2-6 или повеќе во пазувите на листовите во гроздовидни соцветија и светловиолетови по боја.[3]

Употреба

уреди

Во 1931 година, англиската треварка и научник, Мод Грив, напишала дека „употребата на овој вид слез е заменета со мочуришниот слез (Althaea officinalis), кој ги поседува истите својства во поголем степен, но сè уште е омилен лек кај селаните каде што не може да се најде мочуришен слез“. Варените млади листови се јаделе како зеленчук во неколку делови на Европа во 19 век.[5]

Во Мароко, Тунис и Палестина, листовите „Малва“ се попаруваат со лук и домати, и се јадат како предјадење или салата. Во Египет, од листовите се прави растително јадење слично на чорба, особено во зима. Во традиционална медицина, М. sylvestris се користи во билкарство,[6][7] посебно плодот.[8] Семето се вари и се пие густо или пак подготвено како чај, а листовите се користеле како надворешни облоги врз кожата.

Црниот слез долго време се користел како природен обојувач за добивање жолта боја.

Наводи

уреди
  1. „Flora Europaea Search Results“. Flora Europaea. Royal Botanic Garden Edinburgh. Посетено на 9 May 2008.
  2. Malva sylvestris L. record n° 81830“. African Plants Database. South African National Biodiversity Institute, the Conservatoire et Jardin botaniques de la Ville de Genève and Tela Botanica. Архивирано од изворникот на 2013-01-01. Посетено на 9 May 2008.
  3. 3,0 3,1 Захариев, Илчо; Гогушев, Георги; Велковски, Николчо; Гешева, Михаела (2012). Прирачник за собирачи на лековити билки и шумски плодови. Општина Делчево. стр. 36. ISBN 9786086538811.
  4. Кулеванова, Светлана; Стефков, Ѓоше (2004). Лековити и ароматични растенија : упатство и монографии за собирачи според принципите за органско производство. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. стр. 86. ISBN 9989225923.
  5. Hiley, John S. (1841). „On the medical botany of the province of Halifax“. Во Thomas Wakley (уред.). The Lancet, In Two Volumes (Volume The Second. изд.). J. Onwhyn. Посетено на 10 May 2008.
  6. Balfour, John Hutton (1863). „Products and Secretions of Plants“. A manual of botany: being an introduction to the study of the structure, physiology, and classification of plants. Edinburgh: A & C Black. Посетено на 10 May 2008.
  7. Balfour, John Hutton (1863). „Malvaceae“. A manual of botany: being an introduction to the study of the structure, physiology, and classification of plants. Edinburgh: A & C Black. Посетено на 10 May 2008.
  8. Dey, William Mair, Kanny Lall; Mair, William (1896). „Indigenous Drugs of India“. The indigenous drugs of India: short descriptive notices of the principal medicinal products met with in British India. Thacker, Spink & Co. стр. 387 pages. Посетено на 10 May 2008.