Славица Николовска
Славица Николовска (родена во 1948 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје, каде се вклучила во работата на сите сцени, Куклениот, Детскиот, Малата и Вечерната сцена. Се истакнала пред сè како глумица од камерен тип. Нејзината глумечка игра ја одликувала лирска боја и поетско интонирани сценски толкувања.
Славица Николовска | ||
Родена | 1948 (воз. 75–76 г.) Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Занимање | глумица |
Поважни театарски улоги
уреди- Цвета – Свадба од В. Иљоски
- Џеси – Дејството на гама-зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел
- Љубов – Чехов од Маљугин
- Вали – Стапица од Т. Ружевиќ
- Шортс – Дамите од Аламо од П. Зиндел
- Болва во уво
- Сомнително лице
- Умна глава
- Карамазови
- Фоксфаер
- Сказна за времето
- Самоубиец
- Балконот
- Чест