Славе Борислав Белковски ( 1924 во Скопје1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Основното училиште го завршил во Скопје, а потем го изучил столарскиот занает. На 9 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во Вториот баталјон. Во борбите против балистите на падините на Китка, во подножјето на Водно и покрај реката Треска, се истакнал со храброст. Учествувал и во акциите на ударните групи, што го оневозможувале железничкиот сообракај како и во други слични акции. На 13 ноември 1944 година земал директно учество во уличните борби за ослободувањето на Скопје. Во нив бил тешко ранет и пренесен на лечење во скопската болница, каде набргу потоа починал. Бил закопан на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 181–182. На |first= му недостасува |last= (help)