Скокач (филм)
Скокач (англиски: Jumper) е драма – научна фантастика филм од 2008 год. Филмот е реализиран според романот на Стивен Гоулд и реализиран е на 14 февруари 2008 година, по што уште првата недела од прикажувањето се здоби со неверојатна популарност.
„Скокач Jumper“ | |
---|---|
Режисер | Даг Лиман |
Продуцент | Симон Кинберг |
Сценарист | Стивен Гоулд (роман) |
Главни улоги | Хајден Кристенсен Семјуел Л. Џексон Рејчел Билсон Шон Робертс Џејми Бел |
Жанр | драма, научна фантастика |
Музика | Џон Повел |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | 14 февруари 2008 |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $85,000,000 |
Синопсис
уредиФилмот е приказна за едно момче кое во секој момент може да се телепортира во кој било дел од светот што ќе го замисли (под услов барем еднаш да го има видено на слика). Она што на Дејвид Рајс во почетокот ќе му го олесни животот и ќе му дозволи да живее во висок стил наскоро ќе се покаже како опасна особина што му наметнува опасни непријатели – Паладините, чија единствена цел е да му го одземат животот.
Од Њујорк до Токио, од урнатините во Рим до срцето на Сахара, се е возможно за Дејвид Рајс, сè додека не увиди дека неговата слобода не е целосна, дека не е сам, туку е дел од долготрајната глобална војна што е закана за опстанокот на еден редок и исклучителен вид. Дејвид Рајс пораснал со таинствена моќ за која многумина сонуваат. Тој целосно е мобилен, а е во состојба да патува низ пукнатините на просторот и времето. Меѓутоа кога Дејвид ќе открие уште едно момче слично на себе, светскиот патник Грифин, вистината почнува да се открива. Тој не е осамено чудо на природата, туку е дел од долга низа генетички аномалии, познати како скокачи. Дејвид е идентификуван од тајната организација што се заколнала дека ќе го убие него и сите скокачи. Тој ќе биде безобзирно прогонуван во трка преку целата планета и ќе стане клучен играч во борбата што беснее со векови, невидлива за најголемиот дел од човештвото.