Скокалче, џамлија[1] или зуска[2] — мало камено, стаклено или железно топче со кое си играат децата.[3] Ги има во повеќе различни бои и шари и најчесто се направени од стакло, глина, ахат или кристал.[4] Стаклените скокалчиња се изработуваат од проѕирно стакло, а во внатрешноста на стаклото, близу до средината, се вметнуваат разни листови и други фигури во живи бои. Вообичаената големина им е 1,25 cm, но големината може да им варира од 0,635 cm до 7,75 cm. Некои уметнички скокалчиња може да бидат големи и до 30 cm.[4] Скокалчињата се предмет на колекционерство, а поедини примероци на семрежјето се продаваат по цена од 1.000 до 1.500 .[5]

Рачно направени скокалчиња од Западна Африка

Игра

уреди

Постојат повеќе начини на играње, како и повеќе видови правила.[6] Игрите може да се играат само заради игра, а може и да се играат за освојување на скокалчињата на противничкиот играч. За игрите со скокалчиња потребни се минимум 2 играчи (деца), се игра на тврда, рамна земја без трева. Во земјата се длаби дупка која се нарекува „шлајка“ (најчесто се прави со кружно вртење со петицата од чевелот) се црта основна линија и се обележува просторот до каде се игра.

Редоследот на играчите се одредува така што играчите се редат кај шлајката и го фрлаат своето скокалче „коњак“ (омиленото скокалче кое има и фетиш во себе). Оној што ќе биде најблиску до основната црта - ја започнува прв играта и така редоследно.

Целта на секој играч е да влезе во шлајката со скокалчето, а потоа со него да го погоди скокалчето на противничкиот играч. Најдобро е скокалчето да се уфрли во шлајката од првото фрлање или да се доближи што поблиску до неа. Откога играчот завршил со својот потез, играат останатите играчи по утврдениот редослед. Играчот кој го уфрлил скокалчето во шлајката има право да ги годи скокалчињата на противничките играчи. Доколку погоди скокалче на некој противнички играч, тој е исфрлен од игра или освојува негово скокалче доколку е така договорено.

Дијалектни називи

уреди
  • Билија – во Битола[7].
  • Бајче[8]

Наводи

уреди