Скијачки центар „Михајлово“

Скијачки центар „Михајлово“скијачки центар бо близина на селото Конопиште, Кавадаречко. Центарот е сместен во подножјето на планината Кожуф, со северна изложеност, на висина од 1200 метри. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, од каде има организиран превоз до планината.[1] Центарот бил отворен на 1 јануари 2025 година.

Ски центарот располага со една главна ски патека со должина од околу 400 метри и една помошна патека наменета за најмладите генерации и почетници кои ќе имаат можност на безбеден и лесен начин да ги совладаат предизвиците во скијањето, топови за вештачко заснежување, како и осветлена патека со можност за ноќно скијање. Покрај основниот лифт со котва, единствено во Македонија центарот располага со лифт – лента која ќе ги влече најмладите и потечниците при учење да скијаат.[1][2]

Влечници

уреди
Име Вид М.н.в.

(почетна)

М.н.в.

(крајна)

Висинска

разлика (м)

Брзина

(м/с)

Време на

возење

Должина

(м)

Капацитет

(лица/час)

Производител
Македонија сидро 370 600

Патеки

уреди

Вкупната должина на лесни (сини) патеки за алпско скијање е 400 метри, а најавени се уште две стази со должина од два километра и висинска разлика од 500 метри.

Патека Тежина Должина (m) Висинска разлика (m)
Македонија Сина 400 100
Михајлово Зелена

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Editor (2024-12-31). „Ски центар Михајлово Web камери“. Ski Macedonia. Посетено на 2025-01-06.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  2. „ОТВОРЕН СКИ-ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО" НА ПЛАНИНАТА КОЖУВ“. Сакам Да Кажам. 2025-01-01. Посетено на 2025-01-06.