Сиќевачка Клисура
Сиќевачка Клисура (српски: Сићевачка клисура – речна клисура и археолошко наоѓалиште во југоисточна Србија, локално најистакната геолошка и топографска одлика формирана на реката Нишава. Клисурата се наоѓа меѓу градовите Бела Паланка и Нишка Бања. Долга е 17 км, длабока 350 до 400 метра, на одредени делови постојат структури слични на кањон (вклучително и инверзни долински падини во Градишкиот Кањон). Клисурата е пресечена на висорамнината Куновица, меѓу јужните падини на Сврљишките Планини и Сува Планина. Околните области се познати по висококвалитетните лозја. Во клисурата се наоѓа каменоломот Островица и шест села. Најголемото, Сиќево е епоним за клисурата.
Сићевачка клисура | |
Сиќевачка Клисура | |
Место | меѓу Бела Паланка и Нишка Бања |
---|---|
Област | југоисточна Србија |
Координати | 43°18′51″N 22°8′10″E / 43.31417° СГШ; 22.13611° ИГД |
Должина | 17 km |
Археолошки наоди
уредиВо јуни 2008 година во пештерата Мала Баланица, една од пештерите во клисурата, била ископана долна вилица за која се претпоставува дека му припаѓала на Homo erectus.[1] Староста на овој фосил на вилична коска се проценува меѓу 397.000 и 525.000 години. Процената се заснова на електронска парамагнентна резонанса во комбинација со изотопска анализа на ураниумови низи и инфрацрвено/постинфрацрвено оптичко датирање. Морфологијата на мандибулата значително се разликува од поскорешните Homo heidelbergensis и целосно никакви заеднички одлики со Homo neanderthalensis. Ова вилица претставува една од растечкиот број примероци кои се откриваат во југоисточниот дел на европскиот континент. Таа прикажува плезиоморфни црти слични на erectus кои се поврзани со синапоморфните црти заеднички на хоминините од средниот плеистоцен.[2]
Наводи
уреди- ↑ A possible Homo erectus jaw from Sicevo Gorge, Serbia Архивирано на 5 февруари 2009 г.; Anthropology.net, June 29, 2008.
- ↑ Rink, William J.; Norbert Mercier; Dušan Mihailović; Mike W. Morley; Jeroen W. Thompson & Mirjana Roksandic (2013) "New Radiometric Ages for the BH-1 Hominin from Balanica (Serbia): Implications for Understanding the Role of the Balkans in Middle Pleistocene Human Evolution"; PLOS ONE.
Надворешни врски
уреди„Сиќевачка Клисура“ на Ризницата ? |
- Магнет за очи храна за ум, на мрежното место „Сиќево“
- Сиќевачка Клисура Комплетен водич низ Србија
- Градиште
- Карстни предели на Источна Србија